Не Јанева, туку текстот има двојни аршини
Објавено во Рецензии
on 26 - 10 - 2016 Автор: Владо Ѓорчев
[Рецензија: Двојните аршини на Јанева: Срамно лаже дека е против притвор за да го оправда Верушевски, а инсистира за притвор на Талевски]
Деновиве сме сведоци на силни спинови кои имаат само една цел – да се омаловажи Специјалното јавно обвинителство и обвинителката Катица Јанева. Таков е и овој текст. Со делови извадени од контекст, како што е и парчето од видеозапис, се спинува за наводни двојни аршини на Јанева. Наспроти тоа, пак, двојни аршини има текстот.
Линк до оригиналниот напис: Двојните аршини на Јанева: Срамно лаже дека е против притвор за да го оправда Верушевски, а инсистира за притвор на Талевски
Датум и време на објавување: 22.10.2016, 10:38
Датум на рецензирање: 26.10.2016
Рецензент: Владо Ѓорчев
ТЕКСТ БЕЗ ВТОРАТА СТРАНА
Мора веднаш да се напомене дека текстот ја нема втората страна, што не смеело да се случи, имајќи предвид дека написот има содржина која го дисквалификува СЈО како институција и дезинформира дека не го познава законот според кој е основана.
„Кога станува збор за мерките притвор, таа застанува во силна одбрана на соработникот на Заев и првообвинет во „Пуч“, Зоран Верушевски, а од друга страна за битолскиот градоначалник таа бараше што подолг притвор“.
Во прилогот, а и во видеозаписот Јанева вели дека тие не ослободуваат, туку само поднесуваат барања за тоа до Основниот суд. Овој момент кој е клучен за да се разбие спинот, го нема во текстот, туку се игнорира за на крајот да се добие ваков производ.
„-Барањето за ослободување од притвор беше поднесено од господинот обвинет во „Пуч“ Зоран Верушевски. По закон за кривична постапка тоа барање беше доставено до нас. Ние изготвивме мислење дека не сме против да биде ослободен од притвор и да му се определи друга мерка. Тоа го прифати судот. Јас сум против притвор. Притворот треба секогаш да биде сведен на минимум во оправдани случаеви, рече Јанева во вчерашното гостување на Телма“.
Ако се погледне видеоснимката и се прочита пренесената изјава, ќе се види дека таа не е целосно пренесена. Изоставен е делот каде што таа вели дека само поднесува барање, а судот е тој што одлучува.
ОБИД ЗА ПОЛИТИЧКА ’РЧКА
Понатаму написот продолжува со спинови за наводна политичка мотивираност на СЈО при барањето притвор. И тука има неколку невистини. Една од нив е и тврдењето дека Јанева барала подолг притвор за градоначалникот на Битола, Владимир Талевски, но не е спомнато дека се работи за куќен притвор. Исто така, во текстот не се споменува дека за поголемиот дел од осомничените се побарани алтернативни мерки на обезбедување, како што се одземање пасош и слично.
Еден добар новинарски производ би го имал и податокот дека за разлика од СЈО, Основното јавно обвинителство бара притвор во 90 проценти од случаите.
Сето ова го прави текстот несодржаен и необјективен, што не смее да му се случи на еден професионален производ. Покрај тоа, ја нема втората страна, нема стручно мислење. Сè на сè, ова е еден лош текст со политичка заднина, на кој не му е местото во професионален медиум.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
неточни наводи
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални, неофицијални
релевантни
2 извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор, наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
квалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови