Не Јанева, други го прават медиумскиот циркус
Објавено во Рецензии
on 21 - 10 - 2016 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: СЈО повторно во Холивуд: Филмско сценарио во УБК за кампањата на СДСМ]
Уште во првата реченица на оваа медиумска содржина се соочуваме со прекршување на Кодексот на новинарите.
„Наместо правна постапка согласно законот, Катица Јанева уште еднаш се обиде да направи медиумски циркус, овој пат во Министерството за внатрешни работи“.
Коментаторските елементи во оваа реченица се во спротивност со членот 13 од Кодексот, кој бара од новинарите да прават разлика меѓу вест и коментар:
Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.
Оваа реченица, практично, го дава тонот на целиот извештај, иако со ваквата постапка веќе се целосно разнишани и изрелативизирани критериумите според кои треба да се утврди за каков новинарски жанр овде станува збор
Линк до оригиналниот напис: СЈО повторно во Холивуд: Филмско сценарио во УБК за кампањата на СДСМ
Датум и време на објавување: 21.10.2016 – 22:50
Датум на рецензирање: 19.10.2016 – 23:10
Рецензент: Зоран Бојаровски
ЕДНОСТРАНОСТ
Во прилог на ова релативизирање на жанровското определување, се додаваат и елементите на пристрасност и на едностраност.
Едностраноста се согледува многу едноставно, од фактот што за овој „извештај“ се користат информации добиени само од една страна и тоа од само една структура на МВР – таа што, според политичкиот договор меѓу четирите партии, е во „владение“ на досегашната владејачка партија.
Ниту ред, ниту збор, нема од Специјалното јавно обвинителство, кое со налог од судот добило пристап до Упрвата за безбедност и контраразузнавање за да изврши прибирање податоци за нивните истраги. Наместо тоа, пред нас е текст кој има уште една дополнителна негативна тенденција – да спинува, односно да ја прикаже работата на СЈО како непофесионална и неодговорна, а за тоа користи ставови и аргументи само на една, длабоко засегната страна.
Оваа го повлекува следниот недостаток на овој текст – политичката пристрасност, што е во спротивност со членот 14 од Кодексот:
Известувањето од политичките процеси, особено од изборите, треба да биде непристрасно и избалансирано.
Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти.
Кога ќе се повлече линијата што го сумира овој текст од етички и од професионален аспект, произлегува дека циркусот овде го прави некој друг.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
Делумно
Делумно
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови