Не е важно дали е точно, важно е да се напаѓа
Објавено во Рецензии
on 22 - 03 - 2016 Автор: Ана Анастасовска[Рецензија: Едмонд Адеми само што влезе во МВР почна да ја злоупотребува позицијата]
Овој текст е политички мотивиран и има цел да го нападне и да го оцрни советникот на министерот за внтарешни работи, без притоа да се провери информацијата или да се земе изјава од засегнатата страна.
Линк на оригиналниот напис: Едмонд Адеми само што влезе во МВР почна да ја злоупотребува позицијата
Датум и време на објавување: 13.03.2016
Датум на рецензирање: 22.03.2016
Рецензент: Ана Анастасовска
ОЦРНУВАЊЕ
Порталот открива наводен инцидент кој се случил на македонска граница, односно наводен обид за шверцување брендирана стока, без да се плати царина.
„Журнал дознава дека во текот на вчерашниот ден направена е контрола од страна на царинската управа на автомобил на граничниот премин Јажинце, при било било утврдено дека во возилото лицето имало 20 пара очила и 20 рачни часовници, брендирана стока, во име на фирмата BD company од Косово.“
Подолу во текстот се посочува дека на лицето со брендираната стока му било укажано дека мора да плати царина, при што, наводно, на сцена настапил советникот на министерот Спасовски, Едмонд Адеми.
„Она што е скандалозно, е информацијата до која дојде Журнал. Имено, нововработениот советник на техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, Едмонд Адеми му се јавил на цариникот за да ургира лицето да биде пуштено од царинската контрола без поседување соодветни документи, но цариникот не го пропуштил.“
Имајќи предвид дека во написот нема официјална потврда за случајот од Царинската управа, може да се заклучи дека ваквата информација е неверодостојна.
Но, кога веќе се напаѓа некој, коректно е да се побара изјава и став од него – во конкретниот случај од Едмонд Адеми, кој директно е нападнат дека ургирал да се пропушти човекот на царина, односно, дека ја злоупотребил својата службена положба. Но, во овој новинарски производ нема ништо што би ја поткрепило ваквата информација, односно сè се сведува на „рекла-кажала“. Очигледно е дека целта на написот е напад врз Едмонд Адеми и оцрнување на неговото име.
Ваквата интенција се гледа и во последниот пасус од текстот.
„За потсетување, советникот на Спасовски, Адеми пред повеќе од една година преку социјалните мрежи повикуваше на пролевање на крв по улиците.“
Инаку, Адеми реагираше на ваквиот напис на својот фејсбук-профил.
„Провладините портали, во случајов „Журнал“, како по обичај лажат и клеветат! За ова ќе добијат тужба за клевета и низ судски процес ќе мора да докажат и како сведок да го викнат цариникот, со име и со презиме, кој бил на служба и со кој јас, наводно, лично сум разговарал“, напиша Адеми.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
анонимни
нерелевантни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови