verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Не е потврдено дека коронавирусот е поопасен за ќелавите мажи

on 15 - 06 - 2020       

Фото: Илустрација

[Рецензија:Ќелавите мажи се изложени на ПОГОЛЕМА ОПАСНОСТ ОД КОРОНАВИРУСОТ ]

Сензационалистички напис којшто тврди дека мажите кои ја губат косата се изложени на поголема опасноста од коронавирусот. Уште во самиот наслов, кој во вториот дел намерно е напишан со големи букви за да привлече внимание, категорично се тврди дека коронавирусот е опасен за ќелавите мажи. Но, во текстот не се понудени докази кои можат да го потврдат ова.

Линк до оригиналниот напис: Ќелавите мажи се изложени на ПОГОЛЕМА ОПАСНОСТ ОД КОРОНАВИРУСОТ

Датум и време на објавување: 9.6.2020

Датум на рецензија: 14.6.2020

Рецензент: Симона Атанасова

Со фразите како „научниците велат“, „експертите веруваат“, „група научници“, „според лекарите“ написот се обидува да звучи веродостојно, но нема податоци за тоа кои се овие научници, експерти и лекари и каде го велат ова што е напишано.

Не се цитирани и линкувани истражувањата кои се направени на оваа тема, ниту има податоци дали овие истражувања се официјални, или се работи за прелиминарни истражувања кои допрва треба да се докажуваат.

Како единствен неанонимен извор е наведен Карлос Вембинер, професор на универзитетот Браун во САД, но ништо повеќе не е наведено за истражувањето кое го спровел. Не се понудени дополнителни информации кои ќе помогнат да се разберат добиените наоди, ниту има информација  за овој професор во смисла дали е меродавен и ги има потребните квалификации за да тврди вакво нешто.

Во објавите на светските медиуми на оваа тема, јасно е потенцирано дека истражувањето е прелиминарно и дека во истражувањето не била земена предвид возраста, којашто е ризик фактор за губење на косата, но е и ризик фактор за тешка форма на Ковид-19.

Кога се пренесува информација од некои почетни истражувања тоа треба да биде јасно и недвосмислено наведено во текстот, а не да се манипулира јавноста и оваа информација да се нуди како дефинитивна, точна и потврдена.  Со тоа неосновано се предизвикува паника кај лицата кои се соочуваат со овој проблем односно со губење на косата и можно опуштање кај оние кои немаат таков проблем.

Овој напис е дел од специјалното известување на „Критинк“ за дезинформациите поврзани со епидемијата на корона-вирусот Ковид-19. Кликнете на линкот за најнови вести и проверени информации од оваа област. 

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ