verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Навредлива медиумска содржина

on 16 - 02 - 2017       

naroden glas

[Рецензија: (ФОТО) К****ните на Стојменов не губат време за РАЗДОР И ЦЕНТРИФУГА НА МОЗОКОТ КАЈ РАЈАТА, уште рано наутро на Канал 5 РОКААТ СЕРИЈАЛ ОД ТЕМАТА ЗА ДВОЈАЗИЧНОСТ во Македонија!]

 

Текстот е навредлив, коментаторски и непоткрепен со факти. Во оваа недолична објава целосно затаиле професионалните стандарди кои треба да ги почитува еден коректно сработен новинарски производ.

Народен ГласЛинк до оригиналниот напис:
(ФОТО) К****ните на Стојменов не губат време за РАЗДОР И ЦЕНТРИФУГА НА МОЗОКОТ КАЈ РАЈАТА, уште рано наутро на Канал 5 РОКААТ СЕРИЈАЛ ОД ТЕМАТА ЗА ДВОЈАЗИЧНОСТ во Македонија!
Датум и време на објавување: 13.02. 2017

Датум на рецензирање: 14. 02. 2017

Рецензент:
Димитар Тануров

 

 

НЕДОЛИЧЕН ТОН

Насловот е предолг, особено ако се има предвид големината на текстот, кој содржи само две реченици. Тој е напишан со навредлив уличен речник, кој е несоодветен за новинарски текст. Ваквата насловна конструкција е само најава за тоа што може да се очекува во текстот.

„Серијалот на перење мозоци и подгревање на мултиетничката омраза на Канал 5 секое утро продолжува на емисијата Здраво Македонијо. Колку и да изгледа наивно водителот како Роберт Јанков како да не е од тука и како да незнае што се случува ни одблизу не е тоа, тој знае дека темата двојазичност служи како центрифуга на мозокот кај одредена маса во Македонија и со тоа упорно ја подгреваат заедно со Канал 5 во служба на Грујовата мафија и тоа на еден перфиден начин, подметнувајќи две теми од која едната мора да е ударна пропагандна за режимот на ВМРО-ДПМНЕ“.

Според формата, написот не може да се категоризира во ниту еден новинарски жанр, тој ги нема елементите ниту за вест, ниту за коментар. Во него се нафрлени лични ставови, кои никако не се поткрепени со факти, туку се прави тенденциозно произволно толкување за темите во емисисјта и за однесувањето на водителот. Ваквиот начин на пишување не е својствен ниту за блогови, во кои, иако, може да се забележи дека целосно не се придржуваат новинарските правила и стандарди, сепак содржат одредени податоци.

Доколку се сакало да се има сериозен новинарски пристап, требало да се изнесат податоци, како, на пример, во кои денови двојазичноста била тема на утринската програма и да се побара изјава од „Канал 5“ и од водителот Роберт Јанковски зошто темата „двојазичност“ се повторува. На тој начин текстот ќе ја вклучи и втората – засегнатата страна. Во конкретниот случај имаме нагласено пристрасен материјал, кој користи навредливи зборови и повеќе наликува на објава на социјалните мрежи.

Севкупно земено, оваа медиумска содржина не само што не ги задоволува ниту основните новинарски начела, таа истовремено се коси и со Кодексот на новинарите, кој налага објавување точни, проверени информации, да се прави разлика меѓу вест и коментар, да се користи стандарден литературен јазик, без навреди и етикетирање, како и да се обезбеди професионална дистанца при информирањето.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови