verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Натежнува од шпекулации и од невистини

on 4 - 07 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

infomax

[Рецензија: СТУДЕНТИТЕ ИМ СВРТЕА ГРБ: Цела вечер испраќале пораки во штабовите, им се собрале наркомани и дилери!]

 

Ова е текст полн со шпекулации и со невистини. Толку нафрлени невистини во еден толку краток тест ретко можат да се сретнат.

infomaks studenti sdsm sorosЛинк до оригиналниот напис: СТУДЕНТИТЕ ИМ СВРТЕА ГРБ: Цела вечер испраќале пораки во штабовите, им се собрале наркомани и дилери!

Датум и време на објавување: 01.07.2016

Датум на рецензирање: 03.07.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

НАВРЕДЛИВ ТОН

„Од околу 25 000 студенти на Универзитетот Кирил и Методиј само 50-тина се приклучија на насилното сценарио на аболицираниот криминалец Зоран Заев. Најголемиот дел од овие беа приврзаници на најекспонираниот кадар на СДСМ – Сорос , геј иконата Љуми. Остатокот кои им се придружија вечерта беа криминални типови кои немаат ниту упишано факултет, дилери на наркотици и платеници кои одработуваат за Заев“.

Текстот почнува со спин. Тоа што Универзитетот има 25.000 студенти (бројка за која нема потврда), не значи дека сите стојат зад нерегуларниот избор за претседател на Студентскиот парламент. Исто така, не значи и дека сите се против лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој во текстот намерно е претставен со погрдни зборови за да се деградира и да се омаловажи, а неаргуменитрани се и наводите дека „најголемиот дел од овие беа приврзаници на најекспонираниот кадар на СДСМ – Сорос , геј иконата Љуми…“ Не може да се докаже ниту дека социјалдемократите, како што се тврди во текстот, испраќале пораки по „нивните општински организации за масовно присуство пред студенстскиот дом Кузман“. 

Написот натежнува од навреди и изгледа како некој серијал со лош квалитет, кој не се прикажува од почеток, туку од шестата сезона. Во него нема ништо за тоа што се случувало на почетокот ниту, пак, е понудена фактографија за да може читателот да ја добие целата слика за настанот.

Имено, проблемот со избор на лидер на СПУКМ настана поради нерегуларностите со  избирачкиот список, местото и начинот на избор. Студентите се собраа пред седиштето на СПУКМ затоа што кутиите речиси беа киднапирани и со полиција однесени од Универзитетот. Сето ова морало да го има во текстот.

Материјалот завршува во истот манир како што почнува –  испраќајќи навредливо интонирана порака:

„Најдобрата вест е што преку 99% од студентите му врзаа шамар на криминалецот Заев и издрогираните и хистерични вандали“.

Ова е целосно непрофесионален  напис во кој се прекршени повеќе членови  од Прирачникот за етика во новинарството и од новинарскиот  Кодекс, почнувајќии од Преамбулата во која е прецизирано дека основната задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и дека при пренесувањето на информациите, новинарите ќе бидат чесни, објективни и точни.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови