Насловот „сам себе го убил“
Објавено во Рецензии
on 15 - 07 - 2016 Автор: Владимир Мирчески
[Рецензија: Рецензија: Анализата докажа – Владица ја убил и Јелена]
Овој производ е класичен пример за дисфункционална врска меѓу насловот и содржината на написот. Пласирана е бомбастична информација во насловната конструкција, која нема поткрепа во текстот. Со други зборови, насловот e дезинформација.
Линк до оригиналниот напис: Анализата докажа – Владица ја убил и Јелена
Датум и време на објавување: 13.07.2016, 17:36
Датум на рецензирање: 15.07.2016
Рецензент: Владимир Мирчески
„АНАЛИЗАТА ДОКАЖА“ – ЗАСТРЕЛАНА ВИСТИНИТОСТ
Желбата за сензационалност, односно за повеќе кликнувања, ја „застрелала“ вистинитоста на материјалот. Познато е дека насловот е тоа што прво го привлекува вниманието на читателот. Оттука, кроењето насловни конструкции бара внимателност и чувство за балансирање меѓу атрактивното и вистината, за да не се загуби курсот на текстот и за сметка на „бомбастичноста“ да се пласира дезинформација за чувствителна ситуација, како што е можна поврзаност на еден човек со неколку убиства во Србија. Во овој случај не се успеало во тоа – имаме целосна некоординираност меѓу насловот и содржината – чиниш ден и ноќ.
„Анализата докажа – Владица ја убил и Јелена“
„…Полицијата испитува дали Владица може да има некаква врска со злосторството во Борча (убиството на Јелена)“.
Сега, ја убил ли младата пејачка или не? Анализата е завршена или надлежните сѐ уште испитуваат?
Конфузијата е сериозна, не е одговорено на сериозниот предизвик:
Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави“;
„Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно“ – член 1 од Кодексот на новинари.
Овој материјал е уште еден пример за злоупотреба на насловната конструкција која треба да донесе атрактивност и сензационализам, но, за жал, истовремено претставува и дезинформација која ја поткопува веродостојноста на целиот текст.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
1 извор
СЕОПФАТНОСТ
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не аплиактивно
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
нејасен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови