Насловот како „диво месо“
Објавено во Рецензии
on 10 - 10 - 2016 Автор: Владимир Мирчески[Рецензија: Хан за секој случај, на Заев да не му текне пак да бега од избори]
„Копи-пејст“ новинарство. Пример за размножување на исти текстови на различни медиуми, како да станува збор за фотокопирница. Притоа, воошто не се внимавало на потребното именување на изворот што се користи. Ова е, всушност, препишан текст во целост. Иста е дури и фотографијата искористена за илустрација.
Линк до оригиналниот напис: Хан за секој случај, на Заев да не му текне пак да бега од избори
Датум и време на објавување: 06.10.2016, 17:40
Датум на рецензирање: 08.10.2106
Рецензент: Владимир Мирчески
НАЛЕПЕНА НАСЛОВНА КОНСТРУКЦИЈА
Нотиравме дека буквално истиот текст е објавен половина час претходно на друг информативен портал, што е несоодветна постапка или плагијаторство, зашто не е назначено од каде е земен материјалот, кој ниту во оригиналната, ниту во преземената варијанта не е потпишан. Тоа е мана број 1.
Плагијаторството е неприфатливо. Цитатите не смеат да се користат без да се нагласи изворот или авторот – член 12 од Кодексот на новинари.
Мана број 2.
Извлекувањето изјави надвор од контекст. Да прецизираме, проблематична е насловната конструкција, во која причината за посетата на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на Скопје се објаснува како:
„Хан за секој случај, на Заев да не му текне пак да бега од избори“.
Но, откако ќе се прочита содржината, веднаш се увидува дека во неа на никој начин не се објаснува или, пак, гради приказна дека Хан доаѓа токму заради Заев. Напротив, написот има релативно општ пристап, кој се темели на цитираната изјава на портпаролката на Хан.
„Ние можеме да потврдиме дека комесарот Хан ќе отпатува во Скопје следниот петок на 14 октомври. При оваа посета, тој ќе се состане со претставниците на четирите најголеми политички партии во земјата, со специјалниот обвинител и со претставници на граѓанското општество. Обемот на мисијата ќе биде дискусии за состојбите во земјата, особено на организацијата на изборите во декември, како и спроведувањето на итните реформски приоритети, изјави Коцијанчич“.
Попрецизно, во текстот никаде не се бара или, пак, наоѓа конкретен „виновник“ за посетата на Хан. Оттука, нејасно е врз основа на што се темели острата формулација во насловот, која нема каква било поткрепа во содржината.
Идејата на насловот во голема мера треба да зависи, да извира од текстот на кој се однесува, да соодветствува на податоците, гледиштата од текстот. (Новинарски жанрови)
Оттука, впечатокот е дека е насловот накалемен, нешто како „диво месо“, творба без реална информативна функција, но со употребна вредност, а тоа е пристрасност зашто цели на лидерот на опозицијата со што, пак, недвосмислено покажува наклонетост кон другата опција.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
сеопфатнo
нема прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
целосно прикажува вистина
преку насловот да
во насловот
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови