verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Насловот ја залажува публиката

on 25 - 05 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

republika

[Рецензија: Проколната матура 2016: По ученичката и професор умрел на прослава]

 

Во време на матурски прослави ваков наслов многу лесно привлекува внимание, особено ако известува за смртни случаи или трагедии. Објавата што ја рецензираме во насловната конструкција намерно не кажува каде се случила трагедијата и ја залажува публиката дека станува збор за случка од Макдеонија. Всушност, станува збор за настан од Босна.

Јасно е дека идејата е да се соберат што повеќе кликнувања и споделувања по социјалните мрежи. Ваквиот пристап е целосно непрофесионален и се коси со принципите на етички исправното новинарство.

maturantiЛинк до оригиналниот напис: Проколната матура 2016: По ученичката и професор умрел на прослава

Датум и време на објавување: 22.05.2016, 16:50

Датум на рецензирање: 23.05.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

НЕПРОФЕСИОНАЛНОСТ

Насловот е така формулиран што на прв поглед изгледа како да имало трагедијата на некоја матурска прослава кај нас. Но, тоа не е така, се работи за случај, поточно за два одвоени случаи во Босна, ама тоа читателот го забележува дури откако ќе почне да го чита содржинскиот дел на веста.

Се поставува прашањето каде е јавниот интерес од сето ова? Една трагедија да се злоупотреби за некакви поинакви цели од тие за кои се залага професионалното новинарство, тоа е некоректно и во најмала рака е невкусно.

Тоа е спротивно со членот 1 од Кодексот на новинари кој вели:

Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес.

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.

Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.

Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.

Истовремено, текстот е пренесен некритички, како гола информација преземена од  некои босански медиуми, без да се наведе точниот извор. Згора на тоа, написот поврзува две приказни, без да направи за тоа дигресија во насловот. Имено, кога ќе се прочита насловот: „Проколната матура 2016: По ученичката и професор умрел на прослава“, се добива впечаток дека се работи за настан кој се случил на една прослава. Но, кога ќе се причита текстот, се забележува дека едниот настан се случил во Жепча, а другиот во Чапљина и тие воопшто не се поврзани.

Така што, текстот е врамен со сензационалистички наслов кој е збунувачки и наведува на погрешно мислење. Во содржината, пак, не се нуди никакво дополнување на приказната, на пример, мислења од лекари кои би ги предупредиле младите  да не консумираат алкохол за време на матурските прослави. Дополнително, тој е илустриран со фотографии на кои не им е наведен изворот.

Сè на сè, ова е непрофесионално сработен и пласиран напис, пример за тоа како не треба да изгледа еден новинарски материјал.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови