Насловот го упропастил текстот
Објавено во Рецензии
on 3 - 03 - 2016 Автор: Ана Анастасовска[Рецензија: Луѓето на Верушевски сè уште прислушуваат за СДСМ?]
Текстот што го рецензираме е предлог на наш читател. Написот е коректен, единствено има проблем со насловот, кој е манипулативен и наведувачки.
Линк на оригиналниот напис: Луѓето на Верушевски сè уште прислушуваат за СДСМ?
Датум и време на објавување: 29.02.2016
Датум на рецензирање: 02.03.2016
Рецензент: Ана Анастасовска
МАНИПУЛАТИВЕН НАСЛОВ
„Павле Саздов отвори дилема – Луѓето на Верушевски сè уште прислушуваат за СДСМ?“.
Ваквата насловна конструкција го поттикнала нашиот читател да напише:
„Манипулирачки наслов за луѓе што ќе ги мрзи да го дочитаат текстот до крај. Инаку текстот по тоа е коректен и до некаде ја објаснува ситуацијата во собраниската комисија со изјави од двете страни. Единствено, нејасно е како успеале да шлапнат ваков наслов „од нигде-никаде“?“
Ваквата констатација е точна. Имено, наднасловот и насловот се манипулирачки и ваквата комбинација е намерно направена за да создаде погрешна слика во јавноста дека Верушевски е тој што прислушувал и тоа за СДСМ.
Понатаму, со вака формулиран наслов, отворено фрлајќи сомнеж врз Верушевски и СДСМ, се повредува правото на презумција на невиност – во случајов на Верушевски, кој е обвинет во случајот „Пуч“, за кој сè уште се води постапка, односно не е донесена конечна одлука.
Ваквиот наслов е во спротивност со членот 8 од Кодексот на новинари, во кој јасно е наведено дека:
Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми.
Во судските постапки треба да се почитува принципот на презумција на невиност, да се известува за сите инволвирани страни во спорот и да не се сугерира пресуда.
Па, иако содржинскиот дел на текстот е коректен, ги има ставовите на двете страни – и на власта и на опозицијата – за жал, целиот напис е упропастен со манипулативниот наслов.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
2 извори
повеќестрани
СЕОПФАТНОСТ
сеопфатнo
нема прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
целосно прикажува вистина
нема извртување на вистина (спин)
нема лажни информации
балансираност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови