Насловна страница со еднострана вистина
Објавено во Рецензии
on 22 - 02 - 2016 Автор: Љубомир Костовски[Рецензија: Јанева не е надлежна за случаите „Маѓар телеком“ и „Верушевски“]
Веста што е предмет на оцена осамнала на насловната страница. Тоа, секако, претпоставува поголема одговорност во однос на содржината што треба да го поткрепи изборот, за она што треба да ги привлече консументите уште со приодот кон киоскот за весници. Убава слика, привлечен наслов, ама и комплетна вест! Го имаме ли тоа?
Линк до оригиналниот напис: Јанева не е надлежна за случаите „Маѓар телеком“ и „Верушевски“
Датум и време на објавување: 17.02.2016, 16:43
Датум на рецензирање: 18.02.206
Рецензент: Љубомир Костовски
А СТАВОТ НА ВТОРАТА СТРАНА?
„…случајот “Маѓар телеком”, потоа за случајот во кој поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање Зоран Верушевски беше осуден на три години затвор за нелегално поседување оружје, и предметот за Г. В. – осомничен за производство и дистрибуција на детска порнографија. Ваква одлука , соопштуваат од ОЈО, е донесена поради тоа што Обвинителството смета дека Специјалното јавно обвинителство, согласно Законот за Специјално обвинителство, е должно да постапува само по предметите кои се поврзани со прислушуваните разговори од таканаречените бомби.“
Дали текстот ја има и втората страна, со оглед дека имаме очевидно две страни во веста – едната која побарала стручно мислење од ОЈО (тоа е Специјалното јавно обвинителство) и втората, која го дава тоа мислење. Не! Нема што да цитирате во продолжение. Текстот има содржина која априорно го дисквалификува СЈО како институција која го познава ареалот на својата работа и не го познава законот според кој е основана!
Но, тоа е, така да речеме, редакциска дисквалификација со оглед дека ставот на СЈО беше објавен на многу медиуми, на нивните портали некаде околу 13 часот, додека на овој од каде е преземен текстот, е објавен повеќе од три часа подоцна. Значи, имало и начин и можност за корекција и за дополнување.
Еве, во еден цитат (види тука ) стои дека:
„Од СЈО за медиумите појаснија дека предметите ги бараат на иницијатива на засегнатите страни, но не за да отворат истрага, туку да проверат дали се во нивна надлежност.“
Ова објаснување го нема во веста, како што нема ниту едно објаснување на СЈО. Ниту, пак, има објаснување зошто другата страна изостанала?! И во друг цитат, од истото време на поставување (околу 13 часот) се дава изјава на портпролката на СЈО (види тука) во која се вели:
„Предметите ги бараме на иницијатива на засегнатите странки, а во рок од осум дена ќе процениме дали сме надлежни по нив да постапуваме. Законот за СЈО е јасен дека ние ја правиме проценката на надлежноста и нема причина зошто предметите да не ни бидат дадени.“
На ова се додава констатацијата дека „надлежноста може единствено да ја цени судот кога ќе постапува по предметите, ако се јави таква потреба“.
За жал, и низ овој текст имаме пример како спинувањето ги зафаќа дури и оние медиумски подрачја каде не би се очекувало.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
нема лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
не апликативно
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови

