Наслов за мамење читатели
Објавено во Рецензии
on 4 - 08 - 2016 Автор: Fatlume Dervishi
Напис: Пратениците и министрите на ДУИ ги напуштаат Собранието и Владата
Министрите и зaменците министри на ДУИ, како и парламентарната група на интегративците, со исклучок на два-тројца пратеници, ги напуштиле Собранието и Владата. Тие не се појавиле на денешната седница посветена на пратеничките прашања, бидејќи отишле на погребот на мајката на Али Ахмети во Зајас.
Хума Ахмети, 82-годишната мајка на лидерот на ДУИ, починала синоќа. Ахмети неколкупати се појави во јавноста со неговата мајка Хума. Еднаш се појавија одејќи заедно на гласање.
[Рецензија: „Пратениците и министрите на ДУИ ги напуштаат Собранието и Владата“]
До каде ќе одат медиумите и новинарите со нивните целосно „аут“ наслови само за да ги привлечат читателите?! Секако дека ова прашање паѓа на ум секогаш кога се соочуваме со еден ваков напис, со ваков наслов, којшто не се совпаѓа со реалноста прикажана подолу во текстот. Ефектот кај читателите е разочарување и губење на довербата.
Линк до оригиналниот напис: „Пратениците и министрите на ДУИ го напуштаат Собранието и Владата ”
Датум на објавување: 28.07.2016
Датум на рецензирање: 31.07.2016
Рецензент: Фатлуме Дервиши
Информацијата дека министрите, замениците министри и пратениците на ДУИ ги напуштиле Собранието и Владата подразбира дека ја бојкотирале седницата, револтирани од некоја точка на дневниот ред, или се откажале од учеството во владините структури. Ова кај читателот буди љубопитност, но во овој случај не му треба многу за да се разочара од тоа што го чита во продолжение. Како прво, горенаведените не ја напуштиле собраниската седница, туку не се појавиле воопшто таму. Второ, причината за отсуството на министрите и на пратениците на седницата не биле точките на дневниот ред, ниту интересот на нивните гласачи, па дури ни партиските интереси. Причината била еден смртен случај.
„Министрите и замениците министри на ДУИ, како и парламентарната група на интегративците, со исклучок на два-тројца пратеници, ги напуштиле Собранието и Владата. Тие не се појавиле на денешната седница посветена на пратеничките прашања, бидејќи отишле на погребот на мајката на Али Ахмети во Зајас. Хума Ахмети, 82-годишната мајка на лидерот на ДУИ, починала синоќа.“
Ако авторот проценеше дека во неговиот медиум има простор за таква информација (смртниот случај), требаше да го направи тоа со почит кон починатата личност и кон нејзиното семејство, како и кон читателите, без да манипулира со насловот, туку третирајќи го на соодветен начин. Во Етичкиот кодекс на новинарите на Македонија пишува:
„Насловот или најавата на трудот мора да биде во хармонија со неговата содржина“.
Не е професионално и чесно една информација да се камуфлира со еден несоодветен наслов, што ѝ го менува целосно значењето и не ја поддржува содржината. Исто така, не е прифатливо заради сензација да си поигрува со термини што не ја опишуваат фактичката состојба.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
не може да се утврди
СЕОПФАТНОСТ
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
лажни информации
не аплиактивно
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
селективно наведен автор (извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови