Наслов без „покритие“
Објавено во Рецензии
on 28 - 02 - 2017 Автор: Владимир Мирчески
[Рецензија: КОЛКУ ОД ДРЖАВАТА ПРОДАДЕ ЗАЕВ: ДУИ утре носи конечна одлука за коалицирање со СДСМ – барањата за редефинирање прифатени]
Наменски конструиран наслов да заплаши, да ја потресе јавноста. Но, кога подобро ќе се „загребе“ по неговата површина, ќе се види дека е само насловна конструкција без покритие.
Линк до оригиналниот напис: КОЛКУ ОД ДРЖАВАТА ПРОДАДЕ ЗАЕВ: ДУИ утре носи конечна одлука за коалицирање со СДСМ – барањата за редефинирање прифатени
Датум и време на објавување: 23.02.2017
Датум на рецензирање: 27.02.2017
Рецензент: Владимир Мирчески
ДИСХАРМОНИЈА
Пример, во најлошо светло, за дисхармонија меѓу насловната конструкција и самиот напис. Поточно, насловот во овој случај отскокнува од релативно коректната содржина. Главната одлика на употребената формулација е спинот – се сугерира нешто што во текстот го нема. Оттука и произлегува наведувањето на читателската публика на погрешна страна:
„КОЛКУ ОД ДРЖАВАТА ПРОДАДЕ ЗАЕВ: ДУИ утре носи конечна одлука за коалицирање со СДСМ – барањата за редефинирање прифатени“
По ваквиот бомбастичен наслов би се помислило дека следува некаква експлозија од информации кои навистина би ја поткрепиле констатацијата… Но, не. Напротив, нема ништо да се прочита за продажба, за редефенирање итн… Се пренесуваат партиски ставови и изјави на претставници на ДУИ, потоа настап на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, очекувано СДСМ никаде го нема, ама, пак, тука е обвинувањето, изнесено во насловот, дека Заев се пазари со државните интереси.
Аргументи нема, вистински докази нема, значи се шират шпекулации.
Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави – член 1 од Кодексот на новинари.
Не е лошо да потестиме како се прави и кои елементи треба да ги има вистинската насловна конструкција.
Насловот претставува своевидна пропаганда на деловите на кои се однесува и од кои произлегува. (Новинарски жанрови)
Добар наслов е информативен и изразувачки, како најважен дел на новинскиот текст тој мора да е верен на текстот, што значи дека треба да е актуелен, значаен, интересн, точен, прецизен. (Новинарска енциклопедија, Душан Ѓуриќ)
Складноста меѓу насловот и текстот треба да е повеќестрана. Ако насловот е „покривната конструкција за изѕиданата зграда“, тогаш добар архитект на печатените страници нема модерното бетонско здание да го надградува со барокен покрив и затоа насловот се одредува според написот… (Новинарска енциклопедија, Душан Ѓуриќ)
Наспроти ваквите насоки, во конкретниот случај имаме целосно промашен и политички – партиски обоен наслов.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
делумно
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
повеќе извори
повеќестрани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови