verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Напиши Сирија, а „мати вода“ во Македонија!

on 3 - 03 - 2016       

sirija

[Рецензија: САД сметаат дека среде војна во Сирија има услови за избори, а во Македонија нема?!]

 

Проблемот со овој напис е што тргнува од претпоставка дека неговите читатели се неуки и неинтелигентни и нема да ги забележат сериозните проблеми со фактите и со вистината, кои тој ги има.

Главната теза на која се потпира текстот е дадена во насловот – дека Соединетите Американски Држави имаат став дека во Сирија, растргната од воен судир, има услови за изведување парламентарни избори, а во Македонија, мирна и стабилна демократска држава – немало.

Тезата се појаснува во поднасловот: „со оглед дека меѓународната заедница, предводена од САД немала никакви забелешки на најавите на претседателот Башар ал Асад за одржување на парламентарни и претседателски избори на 13 април 2016 година…“ Притоа се извлекува заклучок дека таквата идеја САД автоматски ја поддржуваат: „а само неколку дена подоцна таа иста меѓународна заедница дава негативна оценка за исполнувањето на условите од договорот од Пржино за одржување на изборите на 24 април,“ што прозвучува апсурдно.

Рецензија: Пиши Сирија, мати вода во Македонија!Линк до оригиналниот напис: САД сметаат дека среде војна во Сирија има услови за избори, а во Македонија нема?!

Датум и време на објавување: 23.02.2016, 16:25

Датум на рецензирање: 1.03.2016

Рецензент: Југослава Дуковска

 

НЕТОЧНИ ФАКТИ

Фактите во овој текст се неточни, еднакво како и претпоставките. САД немаат позитивен став кон најавите за одржување на изборите во Сирија на 13 април, тие досега не искажале никаков став. Немањето став по ниедна логика не значи одобрување или благонаклонетост.

Во конкретниот случај, од Соединетите Американски Држави и од меѓународната заедница не се ни очекувало да се произнесе за најавите за одржување на редовните избори (во мај 2016 година истекува мандатот на сегашниот состав на сирискиот парламент, избран во 2012 година), тие не биле од никого повикани таква оцена да дадат, за да се заклучи дека тие, веројатно, ги одобруваат.
САД и Русија се инволвирани во воениот конфликт во Сирија и неодамна постигнаа договор за прекин на непријателствата. Меѓународната заедница и САД конкретно имале негативни оцени на досега одржаните избори во Сирија, како што беа претседателските, одржани во 2014 година, на кои победи сегашниот претседател Башар ал Асад, а американскиот државен секретар Џон Кери тие избори ги нарече „една голема нула“ поради непостоењето објективни услови за фер и веродостојни избори во завојуваната Сирија.

Иста оцена тогаш пристигна и од Европската Унија. Досега ниту САД ниту ЕУ не се изјасниле во поглед на најавите за одржување на редовни парламентарни избори во Сирија. И, на ниеден начин не може да се извлече заклучок каков став има или ќе има, ако воопшто има, меѓународната заедница по ова прашање.

За разлика од приказната со Сирија, македонската Влада официјално прифатила меѓународно посредништво во преговорите за решавање на политичката криза, кои резултираа со Договорот од Пржино, а тој договор, како правен акт, ги обврзува потписниците да ги исполнат сите обврски што произлегуваат од него, како услов за одржување на парламентарни избори. Овој податок, меѓутоа, не се споменува во написот што е предмет на оваа рецензија.

Единствениот извор кој се цитира е државната новинска агенција на Сирија – САНА, и пренесеното соопштение за указот на претседателот Асад за одржување на изборите. Сите други наводи во текстот немаат цитиран извор.

Од аспект на пристрасност, може да се заклучи дека овој текст само привидно се занимава со изборите во Сирија и мотивите за неговото пишување се исклучиво лоцирани во македонската домашна политика. Изборите во Сирија се само згодна паралела за поентирање на сметка на објективноста на „меѓународниот фактор“ и за спинување на фактите во полза на политичкиот фактор кој е на власт во Македонија и кому не му конвенира ставот на тој ист „меѓународен фактор“, за непостоењето услови за одржување на предвремените избори во Република Македонија на 24 април.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови