Напис кој суди наместо да информира
Објавено во Рецензии
on 20 - 01 - 2017 Автор: Ана Анастасовска[Рецензија: СКАНДАЛОЗНО: СЈО го амнестираше Заев по втор пат]
Текстот што е предмет на оваа рецензија споделува информација со јавноста дека СЈО го повлекло обвинението за „Пуч“, но наместо да ја пренесе новинарски, ја спинува и коментира.
Линк до оригиналниот напис: СКАНДАЛОЗНО: СЈО го амнестираше Заев по втор пат
Датум и време на објавување: 18.01.2017
Датум на рецензирање: 18.01.2017
Рецензент: Ана Анастасовска
НЕНОВИНАРСКОТО ПОЧНУВА СО НАСЛОВОТ
Самиот наслов на написот е надвор од новинарските стандарди, бидејќи коментира правна одлука на Специјалното јавно обвинителство, оценувајќи ја како скандалозна.
„Како и што се очекуваше, Катица Јанева продолжи со скандалозното и срамно однесување кое нема врска со право и правда и го повлече обвинението за предметот Пуч во кое еден од обвинетите е лидерот на СДСМ Зоран Заев. Според СЈО, поднесокот денеска ќе биде доставен до Кривичниот суд“.
Тезата на написот е пласирана уште во првиот пасус. Уште на почетокот, пред читателот да ја прочита информацијата, тој се убедува во своеволниот став на текстот, дека Јанева се однесувала скандалозно и срамно, надвор од правото и правдата, ослободувајќи го Заев од обвинението за предметот „Пуч“.
„Катица Јанева и СЈО откако претходно го ослободија од притвор Зоран Верушевски, сега тргнаа да го извлекуваат и Заев „Специјалките“ објаснуваат дека се откажуваат од обвинението бидејќи обвинителниот акт бил во спротивност со наводните докази кои обвинителството ги собрало во истражните постапки за предметите „Таргет“ и „Тврдина“, иако јавноста имаше прилика да види со свои очи како Заев уценува со снимките со цел да предизвика промена на власт“.
И овој дел е коментаторски и спинуван. Се побива одлуката на СЈО без никакви правни и издржливи аргументи. Единствен аргумент е дека „јавноста имаше прилика да види со свои очи како Заев уценува со снимките со цел да предизвика промена на власт“. Секој видеозапис што ќе се пушти во јавноста не може да претставува цврст доказ за ништо, сè додека тоа не се докаже во судска постапка. Новинарството нема задача да суди и да осудува, туку да информира, што во написов не е случај.
ПО СПИНОТ, МАЛКУ И ОД СЈО
Дури откако го пласира спинот, текстот го пренесува ставот на СЈО.
„… Воедно укажуваме дека со откажување од обвинителниот акт во предметот „Пуч“ ние не прејудицираме дали некој е невин или виновен, туку сметаме дека за целосно и точно утврдување на фактичката состојба, потребни се дополнителни докази, кои не можат да бидат прибавувани во фазата на главна расправа.“ – стои во соопштението на СЈО, обвинителството кое се стекна со репутација на партиска испостава на СДСМ и тројански коњ во правниот систем контролиран од други центри на интерес“.
И што не е јасно од коментарот на СЈО? Во нивното соопштение децидно е наведено дека се потребни дополнителни докази за случајот и понатаму да се води. Засега тие докази не можат да се набават и затоа обвинението се повлекува.
Подолу во текстот повторно се користат манипулациии се наведува дека Заев речиси и не се појавил во судница за предметот „Пуч“.
„Заев практично и не се појави во судница наоѓајќи разно разни апсурдни и комични оправдувања за одложување на рочиштата, бегајќи од соочувањето со правдата“.
Ова не е точно. Имено, на последните две закажани рочишта за „Пуч“ присуствуваше лидерот на СДСМ, Зоран Заев, а единствениот сведок на СЈО, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, не беше поканет. Рочиштето на 16 септември беше одложено поради тоа што се разболел еден поротник, а рочиштетотод 1 ноември се одложи затоа што двајца поротници немале безбедносен сертификат. Но, ова во текстот не се спомнува.
Целиот текст има цел да ѝ создаде слика на јавноста дека Зоран Заев бил виновен во предметот „Пуч“ и дека потоа бил помилуван од Катица Јанева, која, наместо од правото, наводно се водела од блиските политички релации со лидерот на СДСМ.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
не апликативно
стилски уреден
поврзан со тагови