verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Напад врз СЈО со сите средства

on 3 - 06 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

kurir

[Рецензија: СЈО продолжува со нетранспарентното работење и ограничување на медиумите]

 

Кога на мета на медиумите наклонети кон владејачката партија ќе се најде некоја институција, тогаш не се избираат средства и начини таа постојано да се напаѓа. Тоа е случајот и со Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Како по наредба, кога има некој нов момент (како што е најавата за прес-конференција), веднаш се зазема борбена позиција и се напаѓа со сите „оружја“. Притоа воопшто не се води сметка дали текстот е професионален или не. Токму таков е и овој напис.

sjo1Линк до оригиналниот напис: СЈО продолжува со нетранспарентното работење и ограничување на медиумите

Датум и време на објавување: 02.06.2016,15:31

Датум и време на рецензирање: 03.06.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

САМО ДА СЕ ОЦРНИ СЈО

Уште со влезот во текстот, се прави спин за да се оцрни СЈО. Точно е дека ова обвинителство испрати соопштение во кое се вели дека:

„… имајќи ги предвид ограничените просторни услови, кои Ви се добро познати, Ве молиме бројот на претставници од еден медиум да биде ограничен на минимум (пр: по еден новинар, снимател, фотограф)“.

Вакви соопштенија постојано пристигнуваат од СЈО. Ова не е првпат за да боде очи или да предизвика ваква реакција.

„Ваквото ограничување јасно покажува дека СЈО не сака да одговори на сите прашања на медиумите во живо, туку инсистира медиумите истите да ги испратат писмено на нивната мејл адреса, крајно нетранспарентен начин кој никој не го практикувал“.

Всушност, за да се спинува вистината, различно се чита соопштението од ова обвинителство. Од СЈО велат да се ограничи бројот на претставници од еден медиум, а не да се ограничи медиумот. Или, преведено, за да биде појасно, од СЈО замолуваат една редакција да не праќа по двајца-тројца новинари, туку по еден, како што било секогаш. Никаде не стои дека СЈО инсистира медиумите да не праќаат новинари?!

Тезата, пак, дека СЈО може да изнајми простор за прес-конференција, исто така, е изнасилена во прилог да се оцрни ова обвинителство. А кога веќе има простор (во моментов СЈО се наоѓа во привремени простории), зошто да изнајмува и да плаќа?

Истовремено, самиот напис е контрадикторен. Од една страна вели дека огромни пари се одвојуваат за СЈО, за плати и за други давачки, а од друга страна, бара да се трошат пари на непотребни работи? Можеби написот најпрво требало да се „договори сам со себе“, па подоцна да се објави.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови