verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Наместо вистинска информација – спин

on 27 - 09 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

fireshot-capture-52-ochajniot-zaev-naracha-pritisoci-i-napad_-http___kurir-mk_makedonija_vesti_o

 

[Рецензија: Очајниот Заев нарача притисоци и напади врз судот (ФОТО)]

Овој текст е целосен спин, а невистината почнува уште од првиот пасус. Иако точно се знае што се случило, написот тоа го игнорира и објавува нешто што нема никаква врска со вистината. Единствено професионално сработено е потврдата од МВР дека имало таков настан.

zaev-boenje-osnoven-sudЛинк до оригиналниот напис: Очајниот Заев нарача притисоци и напади врз судот (ФОТО)

Датум и време на објавување: 26.09.2016, 10:30

Датум на рецензирање: 27.09.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

„Очајниот опозициски лидер Зоран Заев нарача притисоци и напади врз Основниот суд Скопје 1, каде што треба да му се суди за случајот „Пуч“.“

Покрај тоа што во овој пасус има и коментари и квалификации за лидерот на опозицијата, тој е и невистинит. Во него се тврди дека Зоран Заев нарачал напади и притисоци врз Основниот суд, но не е посочено како ниту, пак, има детали. Нема некој аргумент за да може да му се поверува на овој пасус, со што го прави необјективен. Тоа што Заев е обвинет во случајот „Пуч“, не значи и дека тој, преку други, го обоил објектот. Напротив, за тоа кој и зошто го обои веднаш имаше информација, но во текстот тоа е изигнорирано и нема појаснување или дообјаснување, а ниту медиумот има објавено друг текст со вистинската информација.

Имено, „Шарена револуција“ веднаш по боењето на судот објави видеоснимка и порака зошто нејзините активисти го сториле тоа:

„Кривичниот суд Скопје 1 е изворот на најголемите опструкции врз работата на СЈО.

Од вкупните барања за притвор од страна на СЈО, Кривичниот суд одобри само едно барање. Од другата страна, за периодот 2012-2014, од вкупно 717 барања за притвор од страна на Обвинителството на Зврлевски, судовите во Република Македонија имаат одобрено 707 (99 отсто).

Ова е само еден од многуте облици на опструкции и на поставување двојни стандарди во судската практика кога станува збор за работењето на СЈО“.

Оттука се гледа дека насловот и текстот се целосен спин. За да биде написот објективен и сеопфатен, морало во него да го има и овој момент, но во тој случај не би можело да се спинува.

„Во текот на ноќта, хулиганите од платеничката револуција на СДСМ/Сорос го вандализираа и Основниот суд Скопје 1 каде што на Заев треба да му се суди за случајот „Пуч“, а хулиганите треба да одговараат за милионските штети кои ги направија со нивното дивеење“.

Со овој пасус се цели на деградација на учесниците на „Шарена револуција“, па тие се нарекуваат со погрдни зборови на кои не им е место во професионален текст. Покрај тоа, невистина е дека треба да одговараат за милионски суми, зашто, прво, дел од учесниците се само обвинети, но не и осудени, а второ, сè уште нема прецизно вештачење за штетиите. Вака текстот ја крши презумијата на невиност со тоа што однапред осудува.

Вториот дел од текстот професионално е добар и пренесени се потврди од МВР дека е сторено такво дело.

Сè на сè, ова е спин од текст со намера да девалвира. Тоа, пак, не е новинарство.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

има контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови