verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Наместо професионална вест, шпекулација за сценарио

on 20 - 01 - 2017       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Capture 225 - Ekskluzive_ Skenarë i mundshëm, Ivano_ - http___www.tetovasot.com_2017_01_e

 

Напис: Ексклузивно – Можно сценарио, Иванов ќе поднесе оставка?!

По истекот на рокот како мандатар, како што дознава порталот „Тетова сот“, Никола Груевски нема да успее да состави влада и едно можно сценарио е претседателот Ѓорге Иванов  да поднесе оставка за да не му го даде мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Ова сценарио, како што ce дознава, може да се случи на денот кога на Никола Груевски му истекува рокот на мандатот, затоа што тој нема да може да ја состави новата влада.

Инаку, Никола Груевски отворено изјави дека не ги признава точките на платформата на Aлбанците, а од друга страна лидерот на ДУИ, која е главниот клуч за формирање на владата и која има 10 пратеници, вели дека нема да преговара со ниту една македонска политичка партија ако не се официјализира албанскиот јазик.

СДСМ на Заев, иако доби многу гласови од Aлбанците и два пратеника, до ден-денес не се изјасни во врска со официјализирањето на албанскиот јазик во целата држава.

Доколку се случи ова, тогаш државата ја чекаат нови избори, или на ист датум со локалните избори, или на некој друг датум, како што ќе се договорат политичките партии./Тетова сот/

 

[Рецензија: „Ексклузивно – Можно сценарио, Иванов ќе поднесе оставка?!”]

Политичките сценарија најчесто најдобро можат да ги „прочитаат“ експертите и новинарите. Не поради некоја натприродна „моќ“, туку поради фактот што тие најдобро ги познаваат околностите, поради претходните искуства, политичките ставови, како и поради профилите на нашите политичари. Може да се случи новинарите да се во можност да ги предвидат потезите на политичките претставници и без никаква тешкотија да прочитаат што чекори ќе преземат тие, барем во еден пократок временски период.

Но, оваа „моќ“ не треба да преовладува со новинарот и неговата работа да се состои од апсурдни предвидувања или шпекулации, кои во суштина немаат здрава основа за да се прифатат како такви. Или, пак, дури и да се можни, односно да се разговори кои можат да се слушнат по политичките кругови, тие треба да се докажат со веродостојни извори, факти и со цитати. Ваков е случајот и со текстот што го одбравме за рецензирање.

[Recension: “Ekskluzive/ Skenarë i mundshëm, Ivanovi do dorëhiqet?!”]Линк до оригиналниот напис: Ексклузивно: Можно сценарио, Иванов ќе поднесе оставка?!

Датум и време на објавување: 17.01.2017

Датум на рецензирање: 19.01.2017

Рецензент: Агрон Врангала

Во текстот е претставено едно сценарио кое, според авторот, може да се случи во наредните денови. Според него, бидејќи Никола Груевски нема да може да ја состави новата влада во предвидениот рок, претседателот Ѓорге Иванов, кој ќе мора да му го предаде мандатот на Зоран Заев, за да не мора да го направи тоа, ќе поднесе оставка.

Нормално, симболиката и тезата на текстот лежи во блиските односи на Иванов со Груевски и во неговата „антипатија“ кон Заев, и како таква, претставена е на мошне интересен начин. Кажано на уште пофигуративен начин, „Кога волкот гледа дека му нема спас од ловците, скока од карпата и се самоубива само за да не го фатат жив“.

Значи, од книжевен и од фигуративен аспект текстот е во ред. Но, ова не е басна или, пак, анегдота, туку вест. И бидејќи е вест, во продолжение ќе ги наредиме проблемите што ги има нејзиниот текст.

Како прво, сè уште не се знае дали Груевски ќе успее или, пак, нема да успее да го осигури мнозинството во парламентот. Како второ, никој досега не рекол дека Иванов ќе поднесе оставка ако мора да му го даде мандатот на Заев. И, како трето, употребениот израз „како што дознава порталот“, без веродостојни факти или, пак, нешто со што би ја подржало оваа претпоставка, е чиста манипулација со јавноста.

Од каде ги добил гореспоменатиот портал овие информации, кога никој друг не знае ништо за ова? Кога рекол Иванов дека ќе „се самоубие“ ако е принуден да му го земе мандатот на Груевски и да му го даде на Заев? Со каква смелост или стратегија авторот на текстот се нафаќа со една ваква „визионерска“ авантура? Ова се прашања што покажуваат кон некои главни проблеми на текстот, прашања кои авторот требало да си ги постави себеси, пред да го објави текстот.

Другиот дел од текстот може да се каже дека е релативно во ред. Но, првиот пасус, заедно со насловот, требало да изгледаат поинаку. Требало да содржат точни и потврдени информации или, пак, ако станува збор за шпекулации или неофицијални информации, ова да му се стави јасно до знаење на читателот.

Лесно е да се прави „сајбер-новинарство“ од технички аспект, но кога станува збор за потврдување на информациите, тогаш важат „старите“ правила.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

креативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови