verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Наместо известување, етикетирање

on 15 - 02 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

http___kurir.mk_makedonija_vesti_f 11

 

[Рецензија: ФОТО: Кој всушност стои зад денешниот протест на приватните специјализанти?]

 

Текстот што го рецензираме натежнува од пристрасност и има цел да го дискредитира протестот на специјализантите. Овој материјал не известува за суштината на собирот, туку обележува личности како блиски на најголемата опозициска партија, што е, практично, единствената причина протестите да бидат квалификувани како „сдсмовски“.

protest specijalizanti sdsmЛинк до ориги налниот напис: ФОТО: Кој всушност стои зад денешниот протест на приватните специјализанти?

Датум и време на објавување: 10.02.2016, 14:04

Датум на рецензирање: 12.02.2016

Рецензент: Владо Ѓорчев

 

НО, ЗОШТО ПРОТЕСТИРААТ СПЕЦИЈАЛИЗАНТИТЕ?

Во текстот нема ниту една изјава, ниту потврда за напишаното. Сите наводи во оваа „фото-сторија“ се произволно нафрлени и зачинети со коментари. Втората страна на приказната е комплетно игнорирана.

„Од фотографиите е јасно дека станува збор за лојален поддржувач на СДСМ, дури и верен посетител на нивниот “Камп на слободата“.“

Основно граѓанско право, загарантирано со Уставот (член 21), е правото на протест и тоа нема врска со нечија политичка определба, партиска блискот или припадност.

Не е првпат во медиумите да има текстови во кои се етикетираат протести поради учесниците. Но, бидејќи, нели, новинарите работат за јавниот интерес, би било логично од читањето на текстот барем да се дознае зошто се протестира.

Во интерес на вистината, треба да се каже дека на 10 февруари годинава, стотина специјализанти се собраа пред Министерството за здравство и побараа:

„… да не се снимаат испитите преку видео и да се емитуваат на интернет, велат „не“ за работа без плата, за неплатените дежурства, за лихварскиот договор и за јавното деградирање како идни лекари.“

Што се однесува до фотографиите, на нив се издвојува само една група луѓе и се испраќа манипулативна порака дека протестот е политички (опозициски) обоен. На крајот, пак, текстот се обидува да ја оправда мерката на Владата, против која протестираа специјализантите.

 

(НЕ)НОВИНАРСТВО

Начинот на кој е напишана и пласирана оваа медиумска содржина целосно отскокнува од принципите на етички исправното новинарство. Во текстот се прекршени преамбулата од Кодексот на новинарите:

Основна задача на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана во согласност со член 16 од Уставот на Република Македонија.

Прекршени се и повеќе членови од Кодексот, меѓу кои:

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. (1)

Новинарот ќе го назначи изворот на информациите, но ако изворот бара да остане анонимен, новинарот ќе го заштити. (4)

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот. (13)

Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти. (14)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

релевантни, нерелевантни

не може да се утврди

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови