Наместо извештај од судско рочиште, тенденциозен коментар
Објавено во Рецензии
on 24 - 02 - 2017 Автор: Ана Анастасовска[Рецензија: БРУКА: Катица и Фатиме правеа театар во Судот, судијата ги казнуваше, тие се фалеа дека ќе плати народот]
Текстот што го рецензираме е полн со коментари и со неиздржани квалификации и обвинувања на сметка на специјалните обвинителки Катица Јанева и Фатиме Фетаи. Ваков нагласено тенденциозен пристап се забележува уште во самиот наслов. Написот, инаку, треба да претставува извештај од судското рочиште за случајот со насилството во Општина Центар, но наместо тоа на читателите им е понуден едностран коментаторски скроен материјал во кој се ставени на удар двете обвинителки.
Линк до оригиналниот напис: БРУКА: Катица и Фатиме правеа театар во Судот, судијата ги казнуваше, тие се фалеа дека ќе плати народот
Датум и време на објавување: 22.02.2017
Датум на рецензирање: 24.02.2017
Рецензент: Ана Анастасовска
НЕДОСТИГА АРГУМЕНТАЦИЈА
„Фрапантно и скандалозно однесување на специјалните обвинителки Катица Јанева и Фатиме Фетаи на проодлжението од судското рочиште за случајот „насилство во Општина Центар“. Јанева и Фетаи на денешната расправа и претрес во Судот сакаа да направат театар, преку постојано прекинување и лични навреди кон судијата и Судот“.
Но, подолу во написот нема ништо конкретно на што се однесува таквото „фрапантно и скандалозно“ однесување на обвинителките. Не е објаснето во што се состоел „театарот на Јанева и Фетаи“. Тоа е само така нафрлено без никакви аргументи.
„Уште незапочнато судењето, тие без да им се даде збор почнаа да го навредуваат Судот со навредливи зборови“.
Се спомнува дека го навредувале судот, но повторно нема посочено на што точно се мисли и кои се навредите што двете обвинителки ги упатиле.
БЕЗ ВТОРА СТРАНА
Во написот ја нема втората страна на приказната, односно која била причината што Јанева и Фетаи ја прекинувале судијката и изразиле незадоволство од нејзината работа. Имено, како што пренесоа другите медиуми, специјалните обвинителки ја обвиниле судијката Михајлова дека го фалсификувала записникот од претходното рочиште.
Подолу написот ги обвинува Фетаи и Јанева дека се фалеле дека казната што им ја одреди судијката, ќе ја плателе со народни пари и дека со тоа ќе направеле злоупотреба.
„Со самата пофалба пред Судот дека казната ќе ја платат со буџетот од државата доделен на располагање на СЈО, тие практично признаваат злоупотреба, бидејќи лична казна не може да се плаќа со народни пари“.
Кога се казнува обвинител, логично е дека обвинителството ќе ја плати казната. Во написов недостига укажувањето на Фетаи по однос на казните.
„Ова се пари од нашиот заеднички државен буџет, судија, рече Фетаи“, пренесе „Фокус“.
Текстот е едностран, коментаторски и гледано во целина тој се коси со стандардите на добрата новинарска практика.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
делумно
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови