Наменско толкување на Уставот
Објавено во Рецензии
on 8 - 02 - 2017 Автор: Владимир Мирчески[Рецензија: Претседателот Иванов ја фрли бомбата]
Непоткрепеност и произволност се основни карактеристики на овој материјал. Во него се забележуваат обиди за некаква одбрана на претседателот Ѓорѓе Иванов и на неговата одлука за условување на тоа кому ќе го додели мандатот. Кога ќе се додаде и наменското толкување на Уставот, тогаш ситуацијата станува дури урнебесна, особено по објаснувањето што значи „мнозинство“.
Линк до оригиналниот напис: Претседателот Иванов ја фрли бомбата
Датум и време на објавување: 02.02.2017, 12:00
Датум на рецензирање: 06.02.2017
Рецензент: Владимир Мирчески
ДА СЕ ОДБРАНИ НЕОДБРАНЛИВОТО
В раце држиме одбрана на неодбранливото, попусто потрошени зборови за некакво оправдување на двојните стандарди на Ѓорѓе Иванов при решавањето кому и дали ќе го додели мандатот за составување влада. Интересно, целото писание се темели на неименувани, виртуелни извори на информации. Со други зборови, сериозни формулации кажани без покритие. „Аналитичари и експерти“ не се доволни за забрзан курс по уставно право што ни се продава во овој напис.
„Обидите на дел од политичките партии, неспособноста да формираат влада да ја префрлат врз претседателот пропадна, откако вчера Иванов јасно им порача дека ако сакаат Влада да си соберат 61 мандат“.
Но, прашање е зошто Иванов не му порача на Груевски на 9 јануари прво да собере 61 пратенички потпис, па да бара мандат. Одговорот, ако така може да се нарече, ни се нуди на крајот на текстот. Во најмала рака, објаснувањето е шеговито:
„…Претседателот Иванов беше ставен во ситуација во која мораше да постапи онака како што постапи, велат експертите. Според нив, тој имаше рок од 10 дена во кој мораше да го даде мандатот на партијата која што има мнозинство во Собранието. Рокот од 10 дена изминуваше, а мнозинство во Собранието имаше ВМРО-ДПМНЕ. Тоа мнозинство не беше апсолутно со 61 пратеник, но такво мнозинство не бараше ниту Уставот но затоа имаше јасно пропишан рок од 10 дена во кој Иванов мораше да делува“.
Невистина! Уставот во членот 90 е јасен во делот за мнозинството:
„Претседателот на Република Македонија е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието“ (Устав на РМ)
НЕВИДЛИВИ ЕКСПЕРТИ
Но, еве, ако некој експерт смета дека вака може да си го објаснува терминот „мнозинство“, тогаш зошто не е прецизиран, именуван, за да се види кој е тој што така го чува Уставот.
Поточно, впечатокот е дека некој зад фразата аналитичари сака да се камуфлира коментар:
„Одредени аналитичари коментираат дека целата дебата со фамозниот мандат и тоа на кого Претседателот треба да му го додели е приказна за дефокусирање на јавноста од вистинските преговори меѓу партиите, односно од одговорите кои политичарите треба да им ги дадат на граѓаните, околу тоа, што се нуди и што се прифаќа за формирање на одредена коалиција“.
Ваквиот пристап се коси со член 13 од Кодексот на новинарите, кој укажува дека:.
Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.
Само за пример, ќе покажеме како се сработува материјал со вистински соговорници и со вистински експерти:
Нов скандал: Иванов си додели царски овластувања! (Дојче веле, 02.02.2017)
Иванов се стави над сите, руши Устав и Собрание (Слободен печат, 02.02.2017)
Борче Давитковски: Иванов ги пречекори овластувањата (Телма, 01.02.2017)
Е, така требало…
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
делумно
не може да се утврди точноста на наводите
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални, анонимни
релевантни, нерелевантни
повеќе извори
повеќестрани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
нејасен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
наведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови