verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Протестот пред Уставен наменски обоен во сино

on 2 - 03 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

ustaven

 

[Рецензија: ФОТО: Спасовски преку човекот кој жестоко го навредуваше еврокомесарот Хан ги контролира протестите пред Уставниот суд]

 

Текстот паушално обвинува дека најголемата опозициска партија СДСМ ги организира протестите пред Уставниот суд и истовремено напаѓа едно лице дека учествувало на протестот, што е легитимно и уставно загарантирано право на секој граѓанин.

ФОТО Спасовски преку човекот кој жестоко го навредуваше еврокомесарот Хан ги контролира протестите пред Уставниот суд Kurir.mkЛинк до оригиналниот напис: ФОТО: Спасовски преку човекот кој жестоко го навредуваше еврокомесарот Хан ги контролира протестите пред Уставниот суд

Датум и време на објавување: 27.02.2016, 00:34

Датум на рецензирање: 01.03.2016

Рецензент: Симона Атанасова

 

ПРОИЗВОЛНИ ОБВИНУВАЊА

Во написот се вели дека на протестот бил присутен вработен во Секторот за односи со јавноста во МВР, кој му е советник на министерот Оливер Спасовски. На сликата која е објавена во текстот, оваа личност дури е заокружена со црвен круг, а во содржинскиот дел уште се тврди дека ги контролирала протестите против Уставниот суд. Ваквиот заклучок, пак, е добиен од коментари на социјалните мрежи.

Но, освен нафрленото обвинување нема никаков доказ дека тоа е навистина така. Не се прикажани ниту коментарите од социјалните мрежи. Освен тоа, дури и да ги има, не значи дека тие се точни. На социјалните мрежи секој може да напише што сака, а често се случува да се пласираат и лажни информации. Затоа, најнапред треба да се провери нивната вистинитост, а не да се земаат како стопроцентно точни и врз нив да се креира наменска конструкција.

Во текстот недостига и коментар од посоченото лице, кое не е прашано дали навистина е на сликата и дали стои зад протестите, како што се тврди. Покрај тоа, воопшто не е спорно оваа личност да била на протестот. Тоа право произлегува од Уставот и не е ограничено во зависност од тоа дали е некој член или близок до одредена политичка опција.

„Граѓаните имаат право мирно да се собираат и да изразуваат јавен протест без претходно пријавување и без посебна дозвола. Користењето на ова право може да биде ограничено само во услови на воена и вонредна состојба.“  лен 21 од Уставот)

Каде во Уставот пишува дека членовите, поддржувачите и симпатизерите на СДСМ не смеат да учествуваат на мирни протести?

На крајот од текстот се изнесува целосно непотврдено сериозно обвинување, завиено во прашална форма:

„…дали сака СДСМ преку Оливер Спасовски да реализира државен удар, со помош на СОРОС?“

Нема објаснување како е извлечена ваквата констатација ниту, пак, е земена предвид тежината на кажаното, туку пораката е оставена „да виси во воздух“, за полесно да се манипулира јавноста.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови