Накриво насаден текст, а згора и плагијат!
Објавено во Рецензии
on 11 - 07 - 2016 Автор: Владимир Мирчески
[Рецензија: Студентскиот пленум дезинформира- седница на Сенат нема да има]
Накриво насаден текст: настрана што содржински е исклучително проблематичен, туку е и очигледно 100 проценти преземен напис, а тоа никаде не е наведено. Значи, плагијат.
Линк до оригиналниот напис: Студентскиот пленум дезинформира- седница на Сенат нема да има
Датум и време на објавување: 05.07.2016 21:18
Датум на рецензирање: 08.07.2016
Рецензент: Владимир Мирчески
ЕМ ПАРТИСКИ СПИН, ЕМ ПЛАГИЈАТОРСКИ „ТРУД“
Кажавме, имаме работа со материјал со два клучна проблеми: содржински и плагијаторски. Но, да почнеме со ред…
Повторно гледаме случај на обележување и на делење квалификации. Притоа, секако, се запазува „принципот на неаргументираност“. Се вели дека „Студентскиот пленум“ е „продолжена рака“ на СДСМ, што е интересна заговорничка теза, ама крајно непоткрепена. Формулацијата „важи во јавноста“ апсолутно не е алиби за да се покрие таквата несоодветна формулација, зашто ем е злоупотреба на вистинската јавност, оти нема извор од јавноста, односно граѓани, ем е обид за давање политичка обоеност на активностите на пленумот. Нормално, материјалот се раководи по „линија на помал отпор“ – ако не е со власта, тогаш субјектот секогаш мора да е со опозицијата, што е суштинско релативизирање на поимот граѓански активизам.
„Пленумците и дел од опозициските медиуми денеска излегоа со шпекулации дека разгледување на случувањата за време на студентските избори ќе била една од точките на дневниот ред на утрешна вонредна седница на универзитетскиот Сенат“.
„Сепак, ваквите шекулации се целосно неточни, бидејќи според информациите што ги добивме од Сенатот, за утре не е планирана никаква седница, туку едноставно станува збор за дезинформации кои ги шири таканаречениот Пленум“.
„Со ваквите невистинити шпекулации, Студентскиот пленум кој е политички мотивиран се обидува да внесе паника, повторно служејќи се со подметнувања. Токму таканаречените пленумци се обидоа да го нарушат гласањето за избор на нов студентски лидер минатиот четврток преку притисоци и разни опструкции“.
КОНСТРУИРАНО Е МОНСТРУОЗНО ЧЕТИВО
Да, ако некој пласира дезинформација, тоа секако треба да се нотира, ама не на начин да се конструира монструозно четиво полно со обвинувања, медиумски распнувања и со повторувања на невистини за случувањата со изборот на новото раководство на СПУКМ.
„Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно“ – член 1 од Кодексот на новинари.
„Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот“ – член 13 од Кодексот на новинари.
Толку за содржинскиот дел. Сега повеќе за „оригиналноста“. Да бидеме искрени, ја нема, овој напис е чист „копи-пејст“ продукт, од А до Ш и тоа преземен од медиумскиот гуру-провладин портал, сосе насловот. Погледнете самите, различна е само фотографијата искористена за илустрација:
„Студентскиот пленум дезинформира- седница на Сенат нема да има“ – Курир (05.07.2016, 21:18)
Бидејќи никаде не е наведено дека станува збор за преземен текст, тогаш пресудата мора да биде остра. Плагијаторство!
„Плагијаторството е неприфатливо. Цитатите не смеат да се користат без да се нагласи изворот или авторот“ – член 12 од Кодексот на новинари.
Поради одбележаните недостатоци, веројатно нема да биде преостро ако кажеме дека ова е „криминал“ од текст.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
неточни наводи
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални, анонимни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови