Накалемен сензационален наслов за повеќе кликнувања
Објавено во Рецензии
on 5 - 01 - 2017 Автор: Ана Анастасовска[Рецензија: Шокирани: Еве кој го издаде семејството Шумахер!]
Наш читател ни предложи да направиме рецензија на овој текст, бидејќи, како што посочува самиот:
„Насловот имплицира дека во текстот ќе се открие личност, додека во текстот пишува дека станува збор за непознато лице. Очигледно наслов за лов на кликнувања и ништо повеќе“.
Линк до оригиналниот напис: Шокирани: Еве кој го издаде семејството Шумахер!
Датум и време на објавување: 22.12.2016
Датум на рецензирање: 05.01.2017
Рецензент: Ана Анастасовска
„ШОКОТ“ ОД НАСЛОВОТ ГО НЕМА ВО ТЕКСТОТ
Неговата забелешка е на место и токму затоа го прифативме неговиот предлог.
Имено, насловот на текстот е сензационален и навестува дека е познато лицето што на медиумите им нуди фотографии од Шумахер како лежи во болнички кревет. Сензационалноста оди дури дотаму што се нагласува дека семејството било шокирано од сознанието.
Ваквата насловна конструкција (насловот и наднсаловот), ја буди љубопитноста кај читателот да ја отвори веста и да види за кого станува збор. Но тоа, за жал, во овој напис нема да го дознае. Впрочем, уште на самиот почеток на текстот се вели:
„Семејството на семукратниот светски шампион во Формула 1, Германецот Михаел Шумахер се уште ја нема пронајдено личноста која на медиумите им нуди фотографија од славниот возача, кој моментно се опоравува од тешката повреда на главата“.
Написот се побива самиот себе. Повеќе од јасно е дека не е откриена личноста што ги нуди фотографиите, туку направен е само профил на таа личност и тој профил го направиле медиумите врз основа на шпекулации и на претпоставки.
„Фотографијата ја има направено личноста на која семејството и верува. Тоа е некој што имал пристап во собата на Шуми. Времето ќе ја покаже вистината, дали фотографијата ја направил пријател, што е навистина грдо или пак некој од медицинските работници, пишуваат германските медиуми“.
Очигледно, целта на овој напис е, како што напишал и нашиот читател, да привлече што е можно повеќе кликнувања и со тоа да се крене рејтингот на читаност на веста. Ништо повеќе. Текстот не нуди никакви информации, нема наведено извори, ниту линкови од каде е преземена веста.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
не аплиактивно
комерцијална пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
делумна копија
ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови