verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Најава за годишно собрание на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ)

on 27 - 05 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Редовното годишно собрание на Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), ќе се одржи на 27 мај (среда), со почеток во 11 часот, во хотелот „Квинс“, Трговски центар „Зебра“, Скопје.

СЕММ е саморегулаторно тело за унапредување и за заштита на професионалните стандарди и на етиката во медиумите во Република Македонија, преку примена на морални санкции кон тие што не ги почитуваат професионалните стандарди и Кодексот на новинарите.

Целите на СЕММ се:

– Заштита на слободата на медиумите и на правото на јавноста да биде информирана;
– Спречување на влијанието на државата, политичките партии и на другите центри на моќ врз медиумите;
– Штитење на интересите на јавноста преку обезбедување независен ефикасен и правичен процес на решавање на поплаки за медиумските содржини;
– Промовирање на квалитет во медиумските содржини, усвојувајќи јасни и практични упатства за работењето на уредниците и новинарите;
– Подигање на свеста на јавноста за професионалните и за етичките стандарди кои медиумите треба да ги почитуваат;
– Создавање амбиент за самокритичност, самосвесност и отчетност на медиумите кон публиката;
– Олеснување на пристапот на публиката до медиумите;
– Унапредување на етичкиот кодекс на новинарите и
– Намалување на сите форми на цензура и на самоцензура во новинарството.

Скопје, 26 мај 2015 година

Извор: Совет за етика во медиумите на Македонија