Балкански медиумски барометар: Македонија 2013
Објавено во Актуелности
on 21 - 10 - 2013 Автор: AdministratorНа 22 октомври 2013, вторник, 11 часот во хотелот Холидеј Ин во Скопје Фондацијата „Фридрих Еберт“ ја претстави публикацијата „Балкански медиумски барометар: Македонија 2013“, реализирана во соработка со НВО „Јавност“.
Медиумските барометри се инструменти за самопроценка кои овозможуваат мерење на статусот на слободата на изразување и, воопшто, слободата на медиумите во национален контекст.
Според информацијата од Фондација Фридрих Еберт, канцеларија Скопје:
Медиумскиот барометар што за првпат е спроведен во Македонија произлезе од панелот на кој учестуваа новинари и претставници на невладиниот сектор кои ги оценуваа состојбите во медиумската сфера. Панел-експертите од Македонија дискутираа и оценија листа од 44 показатели засновани врз стандарди утврдени во европските документи, повеќето од нив усвоени од Советот на Европа.
Публикацијата е достапна на македонски, албански и англиски јазик во ПДФ формат преку веб-сајтот на Фондацијата Фридрих Еберт.
- Балкански медиумски барометар: Македонија 2013
- Media ballkanike barometri: Maqedonia 2013
- Balkan Media Barometer: Macedonia 2013