Надвор од сите норми и новинарски стандарди
Објавено во Рецензии
on 7 - 11 - 2015 Автор: Владо Ѓорчев
[Рецензија: Срамен елитизам: Шекеринска плука по борците кои ги посети (ВИДЕО)]
Ова четиво, кое се нарекува новинарски текст, на прв поглед предизвикува зачуденост. Читaтелот, просто, не знае дали да се смее или да плаче. Веста од посета на заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, на Здружението на воените ветерани и бранители од Куманово до толку е извулгаризирана што, едноставно не е за верување. Дури е смешно и да се напомене дека текстот не е содржаен и објективен затоа што нема изјава од неа. Тоа не може да се каже, затоа што ова четиво е надвор од сите норми и новинарски стандарди. Во него нема ниту минимум човечност, етика и морал.
Линк до оригиналниот напис: Срамен елитизам:Шекеринска плука по борците кои ги посети (ВИДЕО)
Датум и време на објавување: 04.11.2015, 14:04
Датум на рецензирање: 05.11.2015
Рецензент: Владо Ѓорчев
Целиот текст се темели на една видеоснимка, а во неа никаде не се гледа дека Шеќеринска го плукнала лебот, што на врата ѝ го понудиле како добредојде. И од едно просто бришење на устата, најверојатно поради тоа што седнува на маса и треба да разговара, текстов вади спин дека таа го плукнала лебот. Да не ви се верува на будалаштината! Што е најстрашно од сè, тоа никаде не се гледа на видеоснимката за да може да се извади како заклучок. Класичен спин, кој потоа развива теза и на крајот заклучува дека Шекеринска е ненароден човек.
„Таквиот срамен елитизам на СДСМ и Шекеринска покажува своевидна глума и однароденост. Таа со чувство на гадење, само пред лицето на камерите се гушка со луѓето кои зад грб ги плука. Вистинското лице на Радмила Шекеринска се состои во елитизам и ужување во богатство. За тоа каков елитизам тера Шекеринска најдобар доказ е нејзиниот одмор летово кој освен тоа што вредеше илјадници евра таа беше сликана на грчките острови како крстари со ултра скапа јахта која го носеше името на нејзината ќерка а пловеше под грчко знаме. Ова говори дека таа не ги разбира потребите на обичниот народ и само глуми пред камерите во обид да манипулира.“
Овој пасус е целиот коментаторски. Текстот, пак, е објавен во рубриката „Македонија“ и никаде не е наведено дека е коментаторски. Притоа, целиот е со шпекулации, неколкупати демантирани информации, без извори, несодржаен и необјективен.
Написот како што почнува, така и завршува. Со напади и со навреди врз личноста на Шекеринска за таа да се претстави како човек кој не се грижи за граѓаните. Се вадат информации кои или биле демантирани или се докажало дека не се целосно вистинити. Така, по повторените обвинувања за наводните кирии што сам себеси ги исплаќал сопругот на Радмила Шекеринска, во текстот не се нашло за потребно да се повтори и демантот од „Дајнерс“. Во соопштението тогаш стоеше:
„Договорот за наемот со нашиот извршен директор за Македонија, Божидар Јанковски, е дел од неговиот менаџерски договор, кој е утврден од нашиот Управен одбор. Деловната политика повеќе пати е потврдена со ревизорските извештаи и редовните изјави што се спроведуваат со ’Дајнерс клуб интернешенел‘ (Чикаго, САД) во сите свои франшизи. Договорот за наемот со нашиот извршен директор за Македонија, Божидар Јанковски, е дел од неговиот менаџерски договор, кој е утврден од страна на нашиот Управен одбор и за што се платени сите даноци.“
Но, стара измислица или, уште повеќе, неколку стари демантирани измислици се добра заднина кога ним ќе им се додаде уште една нова измислица за да се стекнат нови пропагандни поени. Проблем е само што со пропаганда не смее да се зачинува новинарски производ.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
неточни наводи
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор, наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски неуреден
неповрзан со тагови