Овој напис го има и на:
Албански

Напис: Од чадот на дивата депонија се судрија два автомобили. Тешко повредени повеќе лица
На стариот пат Скопје – Куманово, поточно меѓу селата Арачиново и Никуштак, синоќа се случила една тешка сообраќајна несреќа. Причина за несреќата бил чадот предизвикан од палењето на дивите депонии, што ја намалило прегледноста на патот и како последица две возила се судриле директно, пишува „Факти“.
Во несреќата се судрило возило од марката „рено“ со скопски регистарски таблички, управувано од 50-годишниот С.Ј. од Кратово и „ауди а4“ со скопски регистарски таблички, управувано од 36-годишниот С.С.
По несреќата со возило на брза помош неколку повредени се одведени во кумановската болница, додека неколку други се одведени во Ургентниот центар во Скопје. Овој дел од патот, што го користат голем број граѓани за да ги избегнат патарините, кои ќе треба да ги поминат ако го користат автопатот Скопје – Куманово, бил блокиран неколку часа.
Градоначалникот на Липково од редовите на ДУИ, Садула Дураку, кој пред неколку дена изјави дека „не склучил договор со Господ“, не презел ништо за решавање на проблемот со дивите депонии во ова место, иако граѓаните постојано барале помош поради опасноста од ширење епидемии од овие депонии, кои претставуваат и опасност за губење човечки животи и во сообраќајот. И министерот за животна средина од редовите на ДУИ, Нурхан Изаири, изгледа го интересираат само тендерите и предизборните партиски активност, а нималку интересите на граѓаните. / „Факте.нет“
[Рецензија: Од чадот на дивата депонија се судрија два автомобили. Тешко повредени повеќе лица]
Во сообраќајни незгоди, убиства или слични настани, доколку немаат политичка заднина, новинарот никако не смее да ја смени насоката на веста. Текстот што го рецензираме е коректен и професионален до делот каде што се зборува за судирот и за последиците. Веста е пишувана според податоци од полицијата, но не е цитиран јасно изворот, туку само „гласникот“ или медиумот што ја објавил веста.
Тоа што не чини е проблемот со надлежностите. Новинарот не може да донесе заклучоци играјќи улога на експерт и констатирајќи ја причината за судирот. Тоа е должност на службените органи. Доколку станува збор за нивна констатација, ова треба јасно да биде нагласено во текстот.
„На стариот пат Скопје – Куманово, поточно меѓу селата Арачиново и Никуштак, синоќа се случила една тешка сообраќајна несреќа. Причина за несреќата бил чадот предизвикан од палењето на дивите депонии, што ја намалило прегледноста на патот и како последица, две возила се судриле директно, пишува „Факте“. Во несреќата, се судрило возило од марката „рено“ со скопски регистарски таблички, управувано од 50-годишниот С.Ј. од Кратово и „ауди а4“ со скопски регистарски таблички, управувано од 36-годишниот С.С. По несреќата со возило на брза помош неколку повредени се одведени во кумановската болница, додека неколку други се одведени во Ургентниот центар во Скопје.“
Линк до оригиналниот напис: “Од чадот на дивата депонија се судрија два автомобили. Тешко повредени повеќе лица”
Датум и време на објавување: 13.03.2016
Датум на рецензирање: 14.03.2016
Рецензент: Адриан Керими
Коментарите, доколку се дел од веста, тие се „иницијатор“ на непрофесионалниот пристап во една информативна содржина. Освен ова, во текстот има и шпекулации и неосновани заклучоци. Од содржината не се гледа дека имало обид да се прашаат надлежните органи, а наместо изјавата на лицето што се апострофира во текстот, текстот носи една поранешна изјава што го менува целиот контекст на написот. Дали органите презеле или не чекори за решавање на проблемот со депонијата, за ова треба да се прашаат надлежните органи и граѓаните.
Текстот завршува со едно неосновано обвинение и неконструктивна „критика“, вклучувајќи го името на едно друго лице, односно на еден министер, повторно без обид и без да се истакне дали е побарана изјава од истиот. Критиката надвор од професионалните рамки се сфаќа како пропаганда и се гледа како непријателство на редакцијата кон лицата кои се критикувани.
„Градоначалникот на Липково од редовите на ДУИ, Садула Дураку, кој пред неколку дена изјави дека „не склучил договор со Господ“, не презел ништо за решавање на проблемот со дивите депонии во ова место, иако граѓаните постојано барале помош поради опасноста од ширење на епидемии од овие депонии, кои претставуваат и опасност за губење човечки животи и во сообраќајот. И министерот за животна средина од редовите на ДУИ, Нурхан Изаири, изгледа го интересираат само тендерите и предизборните партиски активности, а нималку интересите на граѓаните.“ / „Факте.нет“
Освен новинарските елементи, друг важен елемент е манипулацијата со фотографиите залепени во една. Едната ги прикажува личностите на чија сметка се „товари“ вината, додека, пак, другата не докажува точно дека се зборува за таа несреќа и има слаб квалитет. Ова е направено за да се манипулираат читателите.
Независно од тоа дали е лошо толкуван текст, прстот на одговорноста за ова треба да биде насочен кон редакцијата, бидејќи текстот нема потпис и нема автор или „стопан“.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).