На челото на веста, коментар!
Објавено во Рецензии
on 1 - 03 - 2017 Автор: Agron Vrangalla
Напис: Заев не го менува Уставот, Албанците залудно гласаа за СДСМ
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, потврди дека доцна синоќа од ДУИ ги добиле документите со предлози за законот за употреба на јазиците. Тој додаде дека лично не видел што содржи документот, но една група составена од Оливер Спасовски, Радмила Шекеринска и Рената Дескоска и голем број експерти од партијата и надвор од неа го проучуваат материјалот.
„За нас е прифатливо сè што е во рамките на Уставот и потребите на албанските граѓани и, секако, и на другите малцинства. Предлогот да биде во согласност со Уставот и да ги одрази практичните потреби на граѓаните и јас мислам дека ќе најдеме решение“, рече Заев.
[Рецензија: „Заев не го менува Уставот, Албанците залудно гласаа за СДСМ“]
Една од најшироко распространетите појави кога станува збор за правилата на пишување вести, е инфилтрирањето на коментарот, како во насловот, така и во внатрешноста на веста. И, многу од порталите во Македонија се „жешки“ кога станува збор за давање лични мислења и пропаганда за едно одредено прашање, користејќи ги токму овие форми на прикривање на сопственото мислење зад содржините што би требало да се по својата форма вести. Тие како да немаат трпение да произведат вистински вести и повеќе се заинтересирани за да најдат што поефикасни форми и начини за да вметнат некој коментар во текстот на една вест, секако, не со цел објективно и сеопфатно информирање на јавноста.
Линк до оригиналниот напис: Заев не го менува Уставот, Албанците залудно гласаа за СДСМ
Датум и време на објавување: 17.02.2017
Датум на рецензирање: 22.02.2017
Рецензент: Агрон Врангала
Веста што стои зад горенаведениот линк „не можела да ѝ одолее“ на општата енергија што доминира во многу од нашите портали, односно на коментирањето во информативните жанрови, каде што не им е местото на коментарите. Овојпат, субјективноста на авторот ни се претставува во една поинтересна форма на оваа појава, но која во последно време е сè почеста.
Текстот на веста е многу краток, но нема некој професионален недостаток и може да се каже дека е претставен на коректен начин, ако станува збор за една кратка агенциска вест, што обично пренесува став или изјава на едно лице. Но, главниот елемент на коментарот е поставен само со еден збор, уште во насловот на веста.
Постои едно општо убедување, но и истражувања, дека повеќето корисници на новите медиуми многу ретко ги читаат докрај текстовите што ги гледаат. На голем дел од јавноста доволно ѝ е само да го прочита насловот на веста, и на овој начин да се смета себеси дека спаѓа во групата на информирани луѓе. Како и да е, овој феномен, кој сега веќе е општ, можеби се случува и поради преголемиот број вести што доминираат на интернет, особено на социјалните мрежи. Значи, во овој случај, не е важно количеството на информации кои ги поседува одреден медиум, затоа што сега веќе речиси никој не отвара нови страници со ексклузивна намера за да се информира, и повеќето од нас сме научени вестите сами да ни доаѓаат на ѕидовите од социјалните мрежи.
Ова не значи дека е нешто негативно. Едноставно, ние сме го нашле најкраткиот пат за да стигнеме до информацијата. Постои една многу точна изрека за ова: „Ако една информација е важна, таа ќе ме најде мене“. Значи сега веќе не станува збор за „пловење“ или за „сурфање“ на веб-корисниците за да го земат тоа што сакаат, туку едноставно информациите сами ни се наметнуваат, сакајќи или не сакајќи ни излегуваат пред очи. И, како да ти кажуваат „Те молам, прочитај ме мене“.
Да се навратиме на многу кратката анализа за проблемот на веста што претходно ја спомнавме. Слободно може да се каже дека медиумите сега веќе се запознати со новите динамики на исплатливоста на информацијата. Тие, исто така, многу добро знаат дека најголемиот дел од корисниците немаат намера да го отворат линкот и да го прочитаат текстот на веста. И, што се случува? Велат, тоа што имаме да го кажеме, ќе го кажеме во насловот, веднаш, без да губиме време. Вака се случило и со оваа вест, која се соочува само со една единствена грешка.
Ако го ревидираме насловот што вели дека „Заев не го менува Уставот, Албанците залудно гласаа за СДСМ“, не е дека тој ќе нè потресе толку многу, како што ни се случило со други случаи. Меѓутоа „мајсторлакот“ е во тоа што овде имаме еден мал коментар, а тој е „ Албанците залудно гласаа за СДСМ“. Првиот дел на насловот претставува факт, значи дека Заев изјавил дека нема да има измени на Уставот, додека вториот дел е составен од авторска проценка, што претставува професионален прекршок. Зошто?
Бидејќи не се основа на факти кои би докажале дека Албанците во Македонија гласале за Заев и за неговата партија затоа што им се ветени промени на Уставот. Барем да имаше некоја изјава од некој очаен албански гласач за да се докаже оваа теза, тогаш сè ќе беше полегитимно, но во оваа вест, според формата што ја има, авторот немал намера да се прошири и да опфати други страни.
Но, ако појдеме од еден свршен чин, како што е гласањето за СДСМ од голем дел од Албанците, при што може да се согласуваме или да не се согласуваме со тоа, тука нема ништо лошо. Но, сега веќе е јасно дека зборуваме за проценка на проценките, а не за проценка на фактите. Ова е многу важна разлика при известување и при пишување вести. А можеби е и најважната. Бидејќи, никој не може да ве „казни“ доколку, на пример, не сте успеале први да дознаете за еден настан, но многу лесно можат да ве етикетираат како аматери и неверодостојни, во моментот кога се забележуваат такви ситуации на инфилтрирање на коментарите во вести.
Бидете сигурни дека коментарите вметнати во вести се многу забележливи. Можеби ќе мислите дека јавноста ќе „загризе“, но во реалноста не е така. И јавноста знае дека освен оние што не ги почитуваат стандардите, има многу од нив што ги почитуваат и му служат на јавниот интерес. Сега, како што напоменавме, информацијата, како од професионалците така и од тие што не работат според правилата, доаѓа сама и лесно се шири во јавноста. А јавноста е секој ден сè побудна и секој ден сè подобро знае да направи селекција на информациите што ѝ излегуваат пред очи.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
нема прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
наклонетост
политичка пристрасност, друга пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
издвоено од фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
коментаторски
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
не апликативно
нема контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови