Мутант од новинарски текст
Објавено во Рецензии
on 6 - 04 - 2016 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: Бејли: Сега е најдобро време да се реши името!]
Повторно се мешаат лончиња. Треба да се запамети: во лончиња за млеко не се става вино. Следствено, во формат на извештај не се ставаат коментари. Па, уште така „франкенштајнски“ накалемени. На ништо не личи тоа!
Едно од основните правила во новинарството е еден настан – еден извештај! Во извештајот може да се навести секундарна или друга тема, но таа тема е за друг извештај, сторија, коментар… Што и да е, во зависност од одлуката на новинарот или уредникот, или од самата содржина која си ја бара најсоодветната форма.
Значи, ние, вусшност, од овој текст, како извешатј од настан, треба(ше) да добиеме информација за најважните пораки и поенти од тој настан. Наместо тоа, што добивме? Што читаме, ако тргнеме од наднасловот на сторијата:
„Аналитичарите предупредуваат – Пржино, политичката и бегалската криза се етапи во сценариото за прекрстување на Македонија?!“
Кога се соочувате со ваков поднаслов, кој според учебниците ја навестува најшироката рамка на сторијата, веднаш ви станува јасно дека нема да има ништо од извештајот од настанот.
Згора на тоа насловот, кој, нели, треба да биде изведен од главната поента од настанот, ја довршува намерата на рамката да се сугерира впечаток дека решението на името е дел од некакво сценарио.
Линк до оригиналниот напис: Бејли: Сега е најдобро време да се реши името!
Датум и време на објавување: 04.04.2016 – 17:30
Датум на рецензирање: 06.04.2016
Рецензент: Зоран Бојаровски
ФРАНКЕШТАЈНСКА ХИРУРГИЈА
Ама редот си е ред, а правилата – правила. Ако не се почитуваат, а ако не сте вешти во фарнкештајнската хирургија која од мртви парчиња треба да направи жив организам, тогаш добивате мутант од новинарски текст.
Самиот текст ги открива невештите резови и рабови, конци со кои е закрпен овој „Франкештајн“ од новинарски текст.
Зошто? Па, затоа што во сите наведени изјави и парафрази од настанот, никаде не можете да прочитате дека нашите НАТО-партнери ни подготвуваат „прекрстување“ кое нема да биде прифатено без наша согласност или, пак, дека сојузниците се подготвуваат да ја капитулираат и да ја разнебитат нашата држава.
Ве молам, па што да порача американскиот амбасадор или другите наши НАТО-сојузници на настан на кој се одбележува годишнината од формирањето на алијансата, освен да најдеме „заеднички прифатливо решение за името“, како единствен проблем исправен пред Република Македонија, на која стратешка цел ѝ е токму тоа – да биде НАТО-членка.
Амбасадорите на овој настан само го истакнаа моментот во кој се наоѓа земјата, кога се во процес сериозни реформи, да се искористи вниманието кое ѝ се посветува на Македонија, за да се реши и тој проблем.
Сите без исклучок ја подржаа нашата земја во нејзините НАТО-аспирации.
Но, од накалемувањето на новинарската рамка во која е спакуван овој извештај, очигледно е дека постоела друга намера.
Капак на оваа немара е изјавата на поранешниот амбасадор за капитулацијата и за разнебитувањето на Македонија. Тоа навистина нема да го коментираме.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
Делумно
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни, нерелевантни
повеќе извори
повеќестрани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
некреативен
несензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови