verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Користење на бегалската криза за ширење исламофобија

on 24 - 09 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

ОКТОБЕРФЕСТ Овој фестивал ги навредувал Фаланга-crop-resize

 

[Рецензија: Муслиманите во Германија со петиција за неодржување на Октоберфест!]

 

 

Порталот „Фаланга“, кој има свој домицил во Австралија, а е главно насочен кон македонска публика, објави деновиве писмо на некоја муслиманска организација од Минхен. Писмото, кое има форма на некаква мини-петиција, покажува анимозитет кон „Октоберфест“ и се бара тој да не се одржува повеќе, бидејќи ги навредувал муслиманите.

Тоа писмо, според изворот на информацијата (индиректно и според „Фаланга“, која му дава внимание) треба да посведочи за претензиите на „дојденците“ во оваа земја да ги расипуваат типичните форми на забава на домицилното население, во рамки на постојниот антибегалски тренд, кој, секако, ги има зафатено европските земји. Имаме пример на ширење исламофобија, со намерно пренагласување евентуална опасност, особено ако се вели дека се работи за група која брои 500 лица!

ОКТОБЕРФЕСТ Овој фестивал ги навредувал ФалангаЛинк до оригиналниот напис: Муслиманите во Германија со петиција за неодржување на Октоберфест!

Датум на објавување: 17.09.2015

Датум на рецензирање: 22.09.2015

Рецензент: Љубомир Костовски

„Ако до сега Германците се сомневаа во врска со муслиманската инвазија и формирање на калифат во Европа, веќе можат да бидат сигурни дека нивната инвазија е линеарно насочена.“

Ова стои во воведот на текстот преземен од порталот „100percentfedaup.com“, изразито антимуслимански (и воопшто„анти“), каде, за да влезете треба да кликнете потврда дека ви се допаѓа пораката дека САД треба да излезат од ОН… Текстот се базира на еден вистински факт – тоа е писмо до градоначалникот на Минхен од одредена организација која има наводни 500 членови. Наш читател ни понуди статистика за нерелевантноста на таа бројка на екстремисти, со фактот дека во Минхен, каде веќе почнува „Октоберфест“ (трае од средината на оваа недела до почетокот на октомври), инаку секоја година има повеќе од половина милион гости. Имено, само во Минхен има 238.000 муслимани со германско државјанство, а тие 500 претставуваат само 0,2 отсто од вкупниот нивен број таму – да не зборуваме за цела Германија каде има некои 9,5 милиони муслимани! Значи кого претставува таа група?

Текстот не става акцент на одговорот на градоначалникот, кој општо вели дека тие како организатори секоја година, со оглед на бројот на посетителите, преземаат соодветни мерки за заштита на посетителите и на градот. Изворите на наводната исламофобија, која не може сосема да се потцени и која е дури поттикнувана и со вакви текстови, не се наведени, туку се анонимни.

Оној кој го пренел овој текст сметал на соодветни рефлексии на таа емоција и тука, на ова пордачје.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални, анонимни

релевантни, нерелевантни

2 извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

Ги нема вистинските статистички показатели за да се процени ситуацијата

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

Насочен е против религиска заедница

Индиректно/посредно

не потикнува на насилство

дискриминира

верска дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови