verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Многу зошто, ниту едно затоа

on 17 - 05 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

ognomet

[Рецензија: Револт поради десетминутниот огномет во Скопје]

 

Многу прашања и претпоставки, а ниту еден одговор. Овој новинарски напис, кој воедно е и предлог на наш читател, на публиката не ѝ  нуди ништо освен коментари.

Револт поради десетминутниот огномет во Скопје А1онЛинкуван наслов на анализираниот напис: Револт поради десетминутниот огномет во Скопје

Датум и време на објавување: 13.05.2016

Датум на рецензирање: 16.05.2016

Рецензент: Ана Анастасовска

 

СКУДНА ИНФОРМАЦИЈА

Текстот што е пред нас само скудно информира за силниот огномет, кој во петокот (13 мај 2016 г.), вечерта во 22 часот, ги вознемири жителите на општина Карпош, особено тие што живеат во близина на „Сити мол“. На самот почеток написот соопштува:

„Многу граѓани, посебно жителите на Карпош беа вознемирени и револтирани од вечерашниот силен огномет кој се слушаше во цело Скопје.Причината според граѓаните кои пишуваат на социјалните мрежи е отворањето на нова централа на една банка во населбата Карпош.

Вечерва, беа затворени две улици во Карпош поради отворање на новата централа на банката, со образложение дека биле поканети битни гости од политиката, а неколку минути подоцна почна десетминутниот огномент кој ги вознемири граѓаните.“

Меѓутоа, текстот не им дава на читателите целосна информација. Од него не може да се разбере за која банка станува збор и каде поточно е отворена нејзината нова централа.

Исто така, текстот се повикува на реакциите на граѓаните на социјалните мрежи, но тоа е единствениот извор на кој се потпира. Добиените информации не се проверени барем уште од еден извор.

Во објавата на една телевизија, пак, од каде за да обезбедат информација за огнометот што траеше речиси половина час, се јавиле во Противпожарната единица на Скопје, информацијата е поткрепена и од друг извот. За телевизијата, од Противпожарната служба изјавиле:

„Се работи за огномет организиран од Прокредит банка, која вечерва имала прослава кај Сити Мол во Карпош 4.“

Меѓутоа, написот што го рецензирае, наместо одговори и конкретни информации, коментира и прашува:

„Останува нејасно зошто жителите на Скопје се должни да ги трпат приватните или бизнис журки и со кое право се затвораат улиците затоа што некој политичар требало да оди на отворањето на банката?“

Се разбира дека ќе остане нејасно ако не се побараат одговори од надлежните институции!

Задача на новинарите е да прашуваат и да ги поставуваат прашањата на вистинското место. Дури и да не се добие одоговор, потребно е тоа да се назначи за да се види дека е побаран став.

Овој текст се обидел да информира за настанот, ама потоа, изгледа, му било полесно да ја „сврти плочата“ и да коментира.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови