Мислење врз основа на полуфакти е шпекулација
Објавено во Рецензии
on 9 - 10 - 2015 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: Нонковиќ: Документите за „Телеком“ ja покажаа мизеријата на политичарите што владееле со Македонија]
Едно е да организираш телевизиска дебатна емисија, а сосема друго од таа дебата да извадиш едно парче и да го (зло)употребиш со проблематични новинарски професионални постапки.
Дури и сите дебатери во емисијата да се истомисленици, самата дебата си има своја почетна елаборација на застапуваните аргументи, некаков развој на приказната што гостите ја протежираат и сето тоа, повторно дури и со истомисленици, има некоја смисла.
Од друга страна, нема никаква смисла од таа дебата да извадите едно „парче“ и да му дадете некоја важност, некое значење, врз основа на дел од искажано мислење и од тоа да правите автентичен новинарски текст. Тоа, наједноставно, се нарекува – монтажа. Но, има и други квалификации што ќе ги елаборираме во оваа рецензија.
Линк до оригиналниот напис: Нонковиќ: Документите за „Телеком“ ja покажаа мизеријата на политичарите што владееле со Македонија
Датум и време на објавување: 05.10.2015, 11:27
Датум на рецензирање: 07.10.2015
Рецензент: Зоран Бојаровски
Значи, како прво, оваа новинарска содржина не може да ја скрие (ниту, пак, сака) својата политичка пристрасност. Тоа го прави овој новинарски текст проблематичен во однос на професионалните стандарди и во однос на принципите во сите новинарски кодекси во светот.
Како второ, текстот е селективен, бидејќи ни е предочен само еден сегмент од искажаната целина. Па, дури и од самата вистина за аферата „Телеком“, со оглед на тоа дека оваа афера навестува дека во неа биле вклучени политички функционери од двете влади, односно двете најголеми политички партии во земјата.
И, како трето, овој текст е диригиран, насочен и врамен за однапред одредена цел и кон однапред одредена рамка или контекст – корупцијата на поединци во една политичка партија да се прикаже како грев на целата политичка партија, односно да се прикаже дека сегашната најголема опозициска партија единствено што имала, била – коруптивната идеологија.
Се повторуваме, но секогаш има повод: Мислењето е заклучок до кој дошол некој врз основа или поттикнат од фактите. Во голема мера мислењата се формираат и од она за што луѓето сметаат дека е факт и, понекогаш, и од најверојатно вистинитите факти. Во однос на темата, за која е издвоеното мислење и конструиран овој новинарски текст, фактите сѐ уште не се јасни и конечни. Мислењата врз основа на такви „факти“ се само шпекулации и ништо друго.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор, наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
дискриминира
политичка дискриминација
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
скриншот
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови

