verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Милоста на Иванов била само за Заев и за Верушевски!

on 14 - 04 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

zaev

[Рецензија: ФОТО: Граѓаните бараат Заев, Верушевски и креаторите на кризата да одговараат]

 

Текстот еднострано  ја прикажува одлуката на претседателот Ѓорге Иванов, со која се прекинуваат сите кривични постапки против политичари од власта и од опозицијата, а кои се поврзани со политичката криза и со прислушувањето, како да е донесена само во интерес на Зоран Заев и на Зоран Верушевски. Во написот ја нема втората страна на приказната, односно ставот на лидерот на опозицијата, кој на прес-конференција соопшти дека не се согласува со одлуката на Иванов и побара оставка од него.

ivanovЛинк до оригиналниот наслов: ФОТО: Граѓаните бараат Заев, Верушевски и креаторите на кризата да одговараат

Датум и време на објавување: 12.04.2016

Датум на рецензија: 13.04.2016

Рецензент: Силвана Жежова

 

ИЗВИТОПЕРЕНА СЛИКА

Овој наменски скроен материјал, врамен со тенденциозен наслов, фокусот на одлуката на Иванов го става на Заев и на Верушевски, без воопшто да спомене дека таа опфаќа и високи функционери од владејачката партија, вклучувајќи го и нејзиниот лидер. Впечаток е дека текстот се затскрива зад наводното незадоволство на граѓаните што протестираа пред седиштето на СДСМ и со задоволство ги квалификува Заев и Верушевски како „криминалци“:

„Граѓаните велат дека се незадоволни од одлуката за помилување на криминалците Зоран Заев и Зоран Верушевски додавајќи дека се собрани за да ја бранат државата.За граѓаните е неприфатливо по втор пат двајцата да бегаат од лицето на правдата и да го избегнуваат законот.“

Во написот се посочуваат само делата за кои Заев и Верушевски се обвинети, а нема ниту збор за предметите „Титаник“, „Тортура“, Тврдина“, „Пуч“, кои се во надлежност на Специјалното јавно обвинителство, а во кои осомничени се поранешните министри Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, како и поранешниот прв човек на Управата за контраразузнавање, Сашо Мијалков.

„Заев беше обвинет за шпионажа и уценување и заканување против високи државни фукнционери, додека Верушевски за велепредавство и незаконско прислушување.“

При изработката на текстот не е обезбедена „професионална дистанца од политичките субјекти“, онака како што налага членот 14 од новинарскиот Кодекс. Написот е така конструиран и пласиран што едноставно натежнува од пристрасност кон пратијата на власт.

Ова манипулативно четиво нема идеја да ја прикаже вистината, туку да ја извитопери. Притоа, целосно ја извртува суштината на одлуката на претседателот, која предизвика бура реакции во домашната и во меѓународната јавност и за која се прогнозира дека  ќе направи огромна штета на правниот систем и ќе го стави под прашалник владеењето на правото во земјата.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови