„Милионски“ наслов без професионален текст
Објавено во Рецензии
on 14 - 02 - 2017 Автор: Ferikan Iljazi
Напис: Кому понудија 5 милиони евра за да состави влада со Никола Груевски?!
На едниот од лидерите на албанските партии кои добија помалку пратеници на изборите од 11 декември, му се понудени 5 милиони евра, плус платформата на албанските партии без Јавното обвинителство, за да состави влада со ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, дознава ИНА.
Името на лидерот на партијата е познато за редакцијата и се знае дека средбата се случила во еден од луксузните хотели во Скопје.
„Понудата е дадена кога лидерот на оваа партија бил повикан од еден висок функционер на ДУИ за да присуствува на средбата, на која потоа се појавил и еден од главните челници на ВМРО-ДПМНЕ, и при тоа му е ветено дека ги прифаќаат сите точки од платформата, освен Специјалното обвинителство, а освен тоа ќе им бидат на располагање и 5 милиони евра“, истакнаа за ИНА партиски извори кои имаат информации за овој настан. Парите ги понудила ВМРО-ДПМНЕ, а лобисти биле високи претставници на ДУИ кои прават обиди да направат коалиција со партијата на Груевски, а не со СДСМ.
[Рецензија: Кому му понудија 5 милиони евра за да состави Влада со Никола Груевски?!]
Ваквите ситуации како што е ова во Македонија по изборите, каде што секого го интересира како ќе се одвиваат преговорите и евентуалните договори меѓу партиите за една владина коалиција, некои медиуми ги злоупотребуваат за да претстават непотврдени вести или „невкусни“ написи, само за да добијат што повеќе кликнувања.
Линк до оригиналниот напис: Кому му понудија 5 милиони евра за да состави Влада со Никола Груевски?!
Датум и време на објавување: 07.02.2017
Датум на рецензирање: 07.02.2017
Рецензент: Ферикан Илјази
Таков е случајот и со овој текст, кој пренесува многу сериозни тврдења, но во тоа нивно претставување нема ништо сериозно. Целиот текст е потпрен на анонимни извори, за кои на почеток се вели дека се неколку, а потоа излегува дека има цитат од „еден партиски извор“. Треба да напоменеме дека веста е преземена од ИНА, но ние ќе го рецензираме написот кој порталот „Инфошќип“ го пренел во целост.
„На едниот од лидерите на албанските партии кои добија помалку пратеници на изборите од 11 декември, му се понудени 5 милиони евра, плус платформата на албанските партии без Јавното обвинителство, за да состави влада со ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, дознава ИНА“.
Тоа што е најиндикативно во овој текст, колку што е сериозно, толку е и смешно. Тука пишува дека редакцијата има сознанија за политичкиот лидeр кој наводно зел пари за коалицијата, но дека нема да го обелодени неговото име. Но, во текстот, „ненамерно“ се обелоденува името на политичкиот субјект, чиј лидер е „лицето кое ги земало парите“, откако се елиминира едниот субјект кој во оваа приказна има улога на посредник, по што остануваат само уште два субјекти.
„Името на лидерот на партијата е познато за редакцијата и се знае дека средбата се случила во еден од луксузните хотели во Скопје
– Понудата е дадена кога лидерот на оваа партија бил повикан од еден висок функционер на ДУИ за да присуствува на средбата, на која потоа се појавил и еден од главните челници на ВМРО-ДПМНЕ и при тоа му е ветено дека ги прифаќаат сите точки од платформата, освен Специјалното обвинителство, а освен тоа, ќе им бидат на рапсолагање и 5 милиони евра, истакнаа за ИНА партиски извори кои имаат информации за овој настан“.
Божем, поради коректност, не е обелоденето која е личноста што ги зела парите, но содржината во продолжение дава и други асоцијации за да ги „доближи“ читателите до имињата, затоа што остануваат само две опции и со нив може да се игра колку што се сака.
„Парите ги понудила ВМРО-ДПМНЕ, а лобисти биле високи претставници на ДУИ, кои прават обиди да направат коалиција со партијата на Груевски, а не со СДСМ“.
Да го оставиме овој пристап и да бидеме сериозни. Целата ова работа, без неопходните елементи кои треба да ги има една професионална содржина, останува само една приказна, една тенденциозна претпоставка која е напишана од раката на еден новинар. Ако не се има конкретни докази, нема изјави од политичките субјекти на кои се однесуваат овие претпоставки, ако нема конкретни докази за обвинувањата и за шпекулациите, ова вест не може да се смета за веродостојна, а ниту за професионална.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
анонимни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност, комерцијална пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
ненаведен автор, наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови