Место вест или анализа, пропаганда за ДУИ и за ВМРО-ДПМНЕ
Објавено во Рецензии
on 23 - 11 - 2016 Автор: Agron Vrangalla
Напис: ДУИ вечерва го добива својот прв пратеник?!
Вечерва официјално се затвора регистрацијата на гласачи во дијаспората. Во трка се двајца Aлбанци од ДУИ, каде според Изборниот законик пратеникот од дијаспората оди со 6.500 гласови, додека партијата на Ахмети успеала да регистрира 7.500 гласови, што значи дека ДУИ уште од вечерва добива еден пратеник, известува „Тетова сот“. Доколку се случи ова, тогаш кандидатот од ДУИ, Џевдет Спахиу, ќе биде пратеник од дијаспората.
Кога станува збор за македонските гласачи, досега се регистрирани 13.000 гласачи, што значи дека двајца зема ВМРО.
Инаку, вечерва се доставуваат и списоците за пратеници во сите изборни зони во Македонија. /Тетова сот/
[Рецензија: „ДУИ вечерва го добива својот прв пратеник?!“]
Прогнозите за одредени политички настани продолжуваат да бидат важна димензија на јавниот простор и во создавањето на јавното мислење. Обично, овие прогнози, анализи и проценки за одредени резултати за изборите или за некој друг политички настан, треба да се направат врз основа на неколку компаративни истражувачки методи, со бројки и со искуства што се поврзуваат со предметот за анализа за кој даваме проценка. Чести се случаите кога се даваат политички проценки врз основа на неколку сосема лични впечатоци на тие што се нарекуваат политички аналитичари. Сепак, треба да се почитуваат нивните мислења. Но, кога прогнозите ги прави самиот новинар, без да се осврне на проценки од познавачите, на факти или на бројки поврзани со прашањето, тогаш имаме работа со пропаганда, а не со новинарство.
Линк до оригиналниот напис: ДУИ вечерва го добива својот прв пратеник?!
Датум и време на објавување: 11.11.2016
Датум на рецензирање: 15.11.2016
Рецензент: Агрон Врангала
Текстот со кој се соочуваме е еден вид прогноза за тоа кој ќе победи и колку пратеници ќе добие во изборната единица број 7, каде се опфатени државјаните на Македонија што живеат надвор од државата.
Авторот добил инспирација од едно соопштение од ДИК, кое вели дека завршила јавната инспекција за сите спорни гласачи во редовниот изборачки список. На истиот ден, значи на 11 ноември, заврши и рокот за доставување на списоците за пратеници од страна на политичките партии. Овие две настани што се случија на истиот ден се искористени за да се состави текст кој нема врска со завршувањето на рокот на јавна инспекција, ниту со завршување на рокот за доставување на списоците за пратеници од страна на политичките партии.
Во текстот се дадени неколку сосема неосновани проценки и се вели дека ДУИ ќе добие еден пратеник во дијаспората, а ВМРО-ДПМНЕ – двајца пратеници. Оваа проценка на овој портал доаѓа како последица на неколку бројки објавени од ДИК за бројот на државјаните на Македонија кои ќе гласаат во дијаспората. Односно, според официјалните информации што доаѓаат од Државната изборна комисија, за да се добие еден пратеник во дијаспората од која било политичка партија, потребни ќе бидат најмалку 6.500 гласови, а двајца пратеници – 13.000 гласови, и така натаму. Порталот врз основа на бројот на регистрираните гласачи, Албанци и Македонци, излегол со еден заклучок – дека ДУИ добива еден пратеник, додека ВМРО-ДПМНЕ добива двајца пратеници. Каква грешка! Не само грешка, туку и измама, но и манипулација, пропаганда, дезинформација…
Како е можно да се објавуваат вакви вести само затоа што си го видел бројот на македонски државјани регистрирани на гласачкиот список? Со каква храброст се излегува со вакви неосновани информации? Бројот на потенцијални гласачи не претставува однапред број на реални гласачи. Никој не може да знае колку од овие потенцијални гласачи ќе излезат да гласаат, како и кој за кого ќе гласа. Добиениот број пратеници се прави само а постериори, откако ќе бидат избројани гласовите. Друг метод нема. Можеш да ги обединиш сите магионичари на научно-фантастичниот филм „Господарот на прстените“ и сепак да не успееш да погодиш. Во меѓувреме, во овој текст со најголема леснотија се поделени гласачите, се определиле пратениците… Само забавата недостига!
Во ниеден момент не треба да се запостави и еден друг факт, што овој текст не е вест, туку тврди дека е анализа. Една изморена анализа, ако може да ја наречеме така. Не е проблем, и во вести може да се анализира, но тоа се прави поинаку. Се земаат два-три релевантни извори што ќе понудат различни комбинаторики за можностите, опциите и за шансите која од политичките партии има поголема репутација за да добие пратеници во дијаспората. Ова е едно волненo клопче со кое си играат мачките и, ајде, најди му го почетокот.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
не може да се утврди
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор, ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови