Место новинарство – невистини, шпекулации и политичка пристрасност
Објавено во Рецензии
on 9 - 11 - 2016 Автор: Fatlume Dervishi
Напис – Ексклузивно: По 11 декември, ДУИ го зазема местото на претседателот на Собранието, а СДСМ Министерството за надворешни работи?
Скопје, 5 ноември – Вчера, новинската aгенција „Журнал“ пренесе неофицијална информација според која раководењето на МВР ќе го преземат Aлбанците, сега новинската aгенција „Журнал“ ексклузивно (неофицијално) дознава дека по 11 декември Собранието на Македонија ќе премине во рацете на Aлбанците и ова место ќе ѝ припадне на Демократската унија за интеграција (ДУИ).
Според наши сигурни извори, вака се договориле четирите најголеми партии во Македонија и на оваа одлука ѝ претходела една голема битка од страна на Демократската унија за интеграција (ДУИ), дознава „Журнал“.
Како што информираше претходно за формирање на техничка влада по 11 декември, деновиве новинската агенција „Журнал“ ќе пренесе и други информации во врска со договорот потпишан од четирите партиски лидери на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и на ДПА (Пржино 2), откривајќи така кои министерства ќе ги води ВМРО, кои СДСМ и кои Албанците, односно ДУИ и ДПА.
Инаку, по 11 декември Македонија ќе ја води техничка влада која ќе реши бројни проблеми и сето ова ќе се прави со согласност од меѓународните набљудувачи. Така, техничката влада ќе има задача да го донесе законот за официјализирање на албанскиот јазик на ниво на републиката, исто така во рамките на техничката влада ќе се реши и прашањето за името со Грција, како и прашањето за членството на Македонија во НАТО, пренесува „Журнал“.
[Рецензија: „Ексклузивно: По 11 декември, ДУИ го зазема местото на претседателот на Собранието, а СДСМ Министерството за надворешни работи?“]
Tекстот содржи низа невистини и шпекулации, од кои дел се презантираат како заслуга и како резултат на „големата битка која ја води ДУИ“ пред парламентарните избори. Оваа пристрасност е искажана многу отворено, а докажувањето, пак, на овие невистини, може да се направи многу лесно. Еве објаснување…
Линк до оригиналниот напис: „Ексклузивно: По 11 декември, ДУИ го зазема местото на Претседателот на Собранието, а СДСМ Министерството за надворешни работи?“
Датум и време на објавување: 05.11.2016, 11:56
Датум на рецензирање: 06.11.2016
Рецензент: Фатлуме Дервиши
Авторот одново го актуелизирал прашањето за договорот направен во јули 2016 година меѓу лидерите на четирите најголеми партии во Македонија, познат како „Пржино 2“. Но, во врска со ова во текстот има многу невистини, односно на договорот му се додадени точки кои не постојат. Сето ова е придружено од позитивни коментари за еден политички субјект.
„Новинската aгенција „Журнал“ ексклузивно (неофицијално) дознава дека по 11 декември Собранието на Македонија ќе премине во рацете на Aлбанците и ова место ќе ѝ припадне на Демократската унија за интеграција (ДУИ).
Според наши сигурни извори, вака се договориле четирите најголеми партии во Македонија и на оваа одлука ѝ претходела една голема битка од страна на Демократската унија за интеграција (ДУИ), дознава ’Журнал’“.
Договорот познат како „Пржино 2“ во ниедна од своите точки не предвидува по изборите на ДУИ ѝ припадне местото претседател на Собранието.
Тука можете да го најдете јулскиот договор: Agreement between the four political parties 20 July 2016.
Четирите партии, односно нивните лидери не се договориле за такво нешто. Нелогично е тврдењето во текстот во кое се вели дека авторот оваа информација ја добил од „негови сигурни извори…“, затоа што договорот е јавен, бил јавен уште од моментот на неговото склучување и едно такво прашање не ќе можеше да помине незабележено од јавноста. Заслугата за оваа „големо достигнување“, кое, всушност, не е нималку вистина (во недостиг од факти или веродостојни докази не можеме да го третираме како вистинито), им ја препишал на ДУИ. И ова не е сè. Исто толку конфузна и неелаборирана е и идејата за една техничка влада по 11 декември, односно по датумот на изборите.
„Инаку, по 11 декември Македонија ќе ја води техничка влада која ќе реши бројни проблеми и сето ова ќе се прави со согласност од меѓународните набљудувачи. Така, техничката влада ќе има задача да го донесе законот за официјализирање на албанскиот јазик на ниво на републиката, исто така во рамките на техничката влада ќе се реши и прашањето за името со Грција, како и прашањето за членството на Македонија во НАТО, пренесува ’Журнал’“.
Во моментот на чело на Макеонија има една техничка влада. Ова е дел од договорот и тоа уште од првиот Договор од Пржино. Мандатот на техничката влада ќе важи само за организирање на предвремените парламентарни избори. Зошто треба да се каже дека исто таква влада ќе имаме (и) по изборите? Одговорот на ова прашање е јасен во текстот во продолжение; за да се вети донесувањето на законот за официјализирање на албанскиот јазик (внимание: владата не донесува закони), решавање на прашањето за името и членството на Македонија во НАТО. Интересни тврдења, но како такви, за да им поверува човек, треба да биде или неинформиран или, пак, многу наивен.
Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес. Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.
Тешко дека на овој текст можеме да гледаме како на еден лапсус од „неинформираност“ во врска со основните работи на актуелната политика во земјава. Всушност, ова повеќе наликува на еден обид за измама на јавноста што ќе ја чита оваа содржина, повеќе зборови за големи „откритија“ и ниту најмал доказ за тоа што се тврди во текстот.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
неточни наводи
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
неофицијални, анонимни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
нималку
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови