Место факти за флерт, флертување без факти
Објавено во Рецензии
on 9 - 02 - 2017 Автор: Agron Vrangalla
Напис: Почна флертувањето на Заев со Албанците
По враќање на мандатот од страна на Никола Груевски, кој не успеа да формира нова влада со ДУИ, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, почнал да флертува со Албанците и да им нуди разни функции, само и само за да ја формира идната влада, дознава „Тетовасот“.
Ако претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, му го даде мандатот на Зоран Заев за да формира влада, Заев ќе почне преговори со албанските партии за да собере парламентарно мнозинство.
Како што се зборува во некои партиски кругови во ДР-ДПА и во ДУИ, Заев ветил дека Зиадин Села ќе стане претседател на Собранието, а Теута Арифи – министерка за надворешни работи.
Не се знае дали овие функции може да бидат и дел од преговорите за формирање на владата, но доколку Заев не го реши прашањето за албанскиот јазик пред да се формира владата, лидерот на ДР-ДПА рекол дека нема да прифати ниту една идна влада.
Инаку ДУИ пред неколку денови ѝ зададе силен удар на ВМРО и не се знае дали истото ќе го направи и со СДСМ, ако таа партија не ја прифати албанската платформа. /Тетовасот/
[Рецензија: „Почна флертувањето на Заев со Албанците“]
Ако сакате да разберете дали една вест е точна или, пак, станува збор за клевета, сè што треба да направите е да прочитате дали се спомнати изрази од видот „не се знае дали…“, „се мисли дека…“, „како што се зборува во…“ и слично. Тогаш, многу е веројатно дека нема што да се чита понатаму. Едно е сигурно – станува збор за спин или обид за манипулација.
Линк до оригиналниот напис: Почна флертувањето на Заев со Албанците
Датум и време на објавување: 31.01.2017
Датум на објавување: 06.02.2017
Рецензент: Агрон Врангала
Навистина е чудно како е можно толку лесно и комотно да се објавуваат вести од ваква природа, кои во себе немаат никаква индикација што го докажува тоа што е кажано или напишано. Ова не е единствен случај за како таков воопшто да не се земе предвид. Станува збор за десетина случаи каде што нашите медиуми објавуваат текстови од оваа категорија. И, ова никому не му пречи. Чудно.
Ќе се обидеме да ги наброиме едно по едно тврдењата во текстот кои не се поткрепени со никаков доказ и кои може да се оценат како невистини:
„Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, почнал да флертува со Албанците и да им нуди разни функции само и само за да ја формира идната влада“.
Тука нема ништо издржано. Што подразбира флертување во овој контекст? Со што? Со кого? Заев веќе долго време не зборува за барањата на албанските партии. Тој што флертува, изгледа и дејствува поинаку. Како и да е, нема факти за такво нешто, значи ова не држи вода.
„Ако претседателот на Македонија, Ѓорге Иванов, му го даде мандатот на Зоран Заев за да формира влада, Заев ќе почне преговори со албанските партии за да собере парламентарно мнозинство“.
Реченицата е напишана во форма на констатација – на една условна реченица или хипотетичка проценка. Без да се има официјален став или партиско потврдување, не може да се изнесат такви констатации, иако можеби изгледаат логички. Не дека нема преговори меѓу СДСМ и албанските партии, но реченицата како таква е претставена погрешно, изгледа како коментар од редакцијата, бидејќи не цитира ниеден извор.
„Како што се зборува во некои партиски кругови во ДР-ДПА и во ДУИ, Заев ветил дека Зиадин Села ќе стане претседател на Собранието, а Теута Арифи – министерка за надворешни работи“.
Чиста фантазија. Сосема невистинита. Од каде ги добија овие информации? Како е можно толку лесно да се изнесат вакви констатации? Дури и да станува збор за точни информации, не е дозволено да се пишува на ваков „херојски“ начин, без да се наведе тврдење дека станува збор за сигурен и доверлив извор. Без да ни го каже ова јавно (или во доверба), некој што припаѓа на таа партија, ние, како новинари, немаме право да го кажеме.
„Инаку ДУИ пред неколку денови ѝ зададе силен удар на ВМРО и не се знае дали истото ќе го направи и со СДСМ, ако таа партија не ја прифати албанската платформа“.
Се знае, не се знае, има шанси, нема шанси… Сето тоа треба да се тргне. Дали ќе го направи ДУИ истото со СДСМ, како што направи со ВМРО-ДПМНЕ, ова останува да се види. Новинарите не се гатачи, туку луѓе што зборуваат со факти.
Овие непростливи грешки што се поставени во овој текст, кој е еден од многуте, само докажуваат дека новинарствто боледува од непрофесионализам.
Лекот може да се добие само преку потрага и потврдување на вистината и на фактите. Затоа, треба многу внимание кај сите што се занимаваат со оваа професија. Фактите се есенцијата на вестите, а не нашите видувања врз фактите.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
Делумно
неточни наводи
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
не може да се утврди
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност, друга пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор, ненаведен извор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
не апликативно
нема контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови