Наместо да информира, „води војна“ со опозицијата
Објавено во Рецензии
on 28 - 07 - 2016 Автор: Југослава Дуковска[Рецензија: СДСМ планира немири по изборите – затоа го бара МВР]
Некогаш една реченица е доволна за да укаже на тоа дали написот за кој станува збор е објективен новинарски текст или пропагандно четиво. Во овој случај таа една реченица е тврдењето дека опозициската партија подготвува насилства на денот на изборите. Насадена среде извештај за текот на преговорите на четирите политички партии за излез од кризата, оваа фантомска реченица, никната од нигде-никаде, е апсолутно непоткрепено тврдење со какви било факти, нема логична поврзаност со остатокот од текстот, а не смее да се занемари ниту фактот дека е сериозно и мошне опасно обвинување, на сметка на опозициската партија. Освен тоа, оваа реченица-фантом е срочена неписмено, содржи нелогичности и граматички грешки, па изгледа како да е дополнително и без многу внимание интервенирано во веќе готов новинарски текст за да се испрати политичка порака за оцрнување на опозицијата, која е извлечена и како наслов.
Линк до оригиналниот напис: СДСМ планира немири по изборите – затоа го бара МВР
Датум и време на објавување: 19.07.2016, 15:57
Датум на рецензирање: 26.07.2016
Рецензент: Југослава Дуковска
НЕПОВРЗАН ФРАГМЕНТ
Се работи за новинарски извештај, кој, главно ги дава основните информации за политичките преговори попознати како Пржино 2, па, иако известувањето е полно со пристрасности и со необјективен третман на актерите на настанот, тој сепак ги носи основните елементи кои еден извештај треба да ги содржи. Имено, има глава во која се дадени одговорите на основните пет новинарски прашања: кој, кога, што, како и зошто, има изјави од (не сите) политички актери на настанот, има информации и факти, додека тврдењата се оставени таму каде што им е место, во цитираните изјави на соговорниците – претставници на партиите на власта (не и на опозицијата).
Но, во него стои еден стилски неповрзан фрагмент кој гласи вака:
„Нејасно е зошто инсистира СДСМ да имаат нивни министер за внатрешни работи и по предвремените избори иако и во договорот од Пржино и во Изборниот законик стои дека привремениот министер има мандат кој завршува со денот на изборите. СДСМ планира немири и насилства по изборниот ден, и затоа им е многу важно тие денови и затоа им е многу важно тие денови да ја контролираат политиката која како наместо пречка, би била олеснување за насилниците и демонстрантите, затоа им треба да го водат МВР и после изборниот ден“.
Во извештај од настан е целосно нелогично и непрофесионално новинарот сам на себе или на читателите, сеедно, да им поставува какви било прашања, а уште помалку смее да си дозволи да изнесува обвинувања кон некој од актерите на настанот, непоткрепени со ниту еден податок и факт кој ги потврдува. А, тоа е токму она што гледаме дека овде е направено.
А СТАВОТ НА СДСМ?
Згора на тоа, ова не ја исцрпува листата на грешки во извештајот. Необјективноста и пристрасноста може да се воочи и со самиот факт дека се спомнуваат ставови на Социјалдемократскиот сојуз, тие се критикуваат, им се остава на соговорниците од партиите на власта ВМРО-ДПМНЕ ( Никола Тодоров) и на ДУИ (Артан Груби) екстензивно да го коментираат однесувањето на СДСМ, а од друга страна на претставник на оваа партија не му е даден простор ниту еден збор да каже и да го образложи она што во текстот се тврди дека тие го бараат.
Сето ова кај читателот создава впечаток дека со текстот, всушност, се „води војна“ со СДСМ, а дека информирањето е од второстепено значење.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
има и точни и неточни
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
повеќе извори
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови