Меѓуетничката омраза како мамка за читатели
Објавено во Рецензии
on 25 - 01 - 2017 Автор: Fatlume Dervishi
Напис – Обожавателот на Груевски ја напаѓа Фатиме: Мори животно, или зборувај македонски или оди во Албанија
На обожавателите и на симпатизерите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, не им се допаѓа обвинителката Aлбанка, Фатиме Фетаи. Тие не можат да го прифатат фактот дека една Aлбанка станала главен лик во борбата против криминализираните политичари во Македонија.
Предраг Ивановски, кој на својот фејсбук-профил објавил фотографија заедно со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, реагирал кон еден напис од агенцијата за вести ИНА, во врска со обвинителката Aлбанка.
„Зборувај македонски, изгубена овца, да те разбере целиот свет. Ако не сакаш да зборуваш македонски, оди таму каде што се зборува албански јазик“, напишал Ивановски. (ИНА).
[Рецензија-„Обожавателот на Груевски ја напаѓа Фатиме: Мори животно, или зборувај македонски или оди во Албанија“]
Важноста на ваквата информација е секогаш под знак прашалник поради одредени причини кои ќе ги елаборираме. Во текстот е направена генерализација, имајќи в раце само еден пример кој не е доволен доказ за да се прават генерализации. Да не зборуваме за фактот што текстот шири провокативен говор во меѓуетнички контекст, факторизирајќи едно лице сосема непознато и незначајно за јавноста.
Линк до оригиналниот напис: „Обожавателот на Груевски ја напаѓа Фатиме: Мори животно, или зборувај македонски или оди во Албанија“
Датум на објавување: 18.02.2016 (објавено повторно на 22.01.2017)
Датум на рецензирање: 23.01.2017
Рецензент: Фатлуме Дервиши
Читателот останува без образложение за тоа кое е лицето што станало предмет на веста и зошто мислењето на ова лице е важно. Испаѓа дека тој бил еден обичен човек, без јавна функција, без „име“, и дека за овој текст бил важен само затоа што на својот приватен профил на социјална мрежа објавил фотографија со Никола Груевски. Фотографијата е единственото нешто што ѝ дава тежина на информацијата. Но, дали е ова доволно за да се состават „стиховите“ во продолжение?
„На обожавателите и на симпатизерите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, не им се допаѓа обвинителката Aлбанка, Фатиме Фетаи. Тие не можат да го прифатат фактот дека една Aлбанка станала главен лик во борбата против криминализираните политичари во Македонија.
Предраг Ивановски, кој на својот фејсбук-профил објавил фотографија заедно со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, реагирал кон еден напис од агенцијата за вести ИНА, во врска со обвинителката Aлбанка.
„Зборувај македонски, изгубена овца, да те разбере целиот свет. Ако не сакаш да зборуваш македонски, оди таму каде што се зборува албански јазик“, напишал Ивановски.
Дека на симпатизерите на Груевски не им се допаѓа обвинителката Фатиме Фетаи, може да се потврди и од новинарите. Можеби преку една анкета со посетителите на некој собир од оваа партија. Ова подоцна можело да биде поврзано со фактот дека самите раководители на оваа партија, главно користат остар говор и критика кон Специјалното обвинителство како институција. Потоа, можеле да се образложат и причината за ова – бидејќи токму дел од нив се под истрага од ова обвинителство. По овие објаснувања и логички поврзувања, сè би било појасно за читателите.
Меѓутоа, текстот што се рецензира, преку оваа констатирана аверзија кон Специјалното обвинителство од ВМРО-ДПМНЕ, која неколкупати е изнесена во јавност, открива една друга димензија – омраза со етничка заднина. Ова не може да се генерализира без да се има повеќе докази за тоа што се нуди во содржината. Бидејќи, повратниот ефект може да биде производство на една контраомраза, со, исто така, етничка заднина, од тие што ја поддржуваат работата на оваа специјална обвинителка, кон другата страна.
Прирачник за етика во новинарство:
Медиумот и новинарот не треба да објавуваат материјал (информација, фотографија, мислење, коментар), што има цел да шири непријателство или омраза, или доколку постои голема сигурност дека објавениот материјал ќе предизвика непријателство или омраза кон некого поради раса, етничка припадност, пол, вера, политичка припадност, сексуална ориентација, физички хендикеп, итн.
Во случаите кога има доволно докази (а во овој случај не се откриени) дека станува збор за една масовна аверзија кон Фетаи, имајќи ја како основа нејзината етничка припадност и јазикот на кој таа ѝ се обраќа на јавноста, нормално дека темата би требало да биде третирана со поголема сериозност и со повеќе извори, вклучувајќи ја овде и самата Фетаи, институциите што се одговорни за нејзината безбедност, познавачите на политичката ситуација во земјава, итн.
Исто така, треба да се истакне дека текстот е објавен на веб-страницата пред една година, но сега е објавен повторно од медиумите, а повторно се споделува и на социјалните мрежи.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
Делумно
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
Не
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност, друга пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
соодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
наведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
говор на омраза
Може да поттикне
дискриминира
национална дискриминација, јазицчна дискриминација, политичка дискриминација,
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови