Медиумско релативизирање на катастрофата
Објавено во Рецензии
on 10 - 08 - 2016 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: Никој не е имун на водената стихија – поплавите однесоа голем број жртви во регионот и пошироко]
Во потрага по смислата на оваа објава, тргнуваме од нејзината содржина и структура. Но, не очекувајте премногу. Ако сте трпеливи и да ја прочитате или да ја одгледате докрај оваа долга колона од букви, бројки и од фотографии, на крајот ќе се соочите со единствениот можен заклучок: оваа содржина нема никаква смисла. Освен една: На денот кога граѓаните очекуваа најмногу реални, објективни информации за катастрофата што се случи во неколку населени места околу Скопје, да се испорача и содржина што ќе ја релативизира катастрофата и ќе ја одложи, прикрие, замагли одговорноста бидејки „не ни се случува само нам, туку насекаде и не само сега туку во изминатите десетина, дваесет години“.
Линк до оригиналниот напис: Никој не е имун на водената стихија- поплавите однесоа голем број жртви во регионот и пошироко
Датум и време на објавување: 07.082016, 11:34
Датум на рецензирање: 09.08.2016
„ГОЛО“ РЕДЕЊЕ ДАТУМИ
Дури и да го прифатиме аголот на новинарската приказна дека „никој не е имун“ нa природните катастрофи, „голото“ редење датуми и места на кои се случиле слични катастрофи не може да се нарече новинарски текст.
Ако некој веќе има амбиција да пронајде некоја заедничка нишка за настаните предизвикани од природни катастрофи, тоа треба да го направи темелно, врз основа на логиката и на некакви рационални согледувања кои може да ги соопшто само авторитетен, стручен извор.
Во случајот на оваа медиумска содржина, не само што нема разумен, рационален пристап за да се пронајде некоја врска меѓу трагичните настаните, туку нема ни извор кој може да го анализира тоа на таков начин.
Оттаму, ова редење на вакви настани нè враќа на првичниот заклучок дека единствената мотивација за оваа низа од податоци е да се испорача содржина која ќе ја релативизира катастрофата што се случи во околината на Скопје и со тоа да се одложи, прикрие, замагли одговорноста бидејки „не ни се случува само нам, туку насекаде и не само сега, туку во изминатите десетина, дваесет години“.
Тоа не е одговорно и чесно новинарство.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
нема лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови