Медиумските с’скачи се во налет, од МТВ истекува
Објавено во Рецензии
on 21 - 09 - 2016 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: ВИДЕО: Што сокри МТВ – погледнете го интервјуто на Јанева пред да биде измонтирано]
Новинарите не можат да се вадат дека не ги знаат или дека не треба да ги знаат законите во државата. Во вториот случај, кога сметаат дека не треба да ги знаат, тука се експертите. Тие треба да ги прашаат нив за да им протолкуваат одредени постапки, особено ако се под прашање на законот.
Медиумската содржина што ја рецензираме, својата мотивација да биде објавена ја „оправдува“ со Законот за свиркачите, иако тој точно се нарекува Закон на заштита на укажувачи.
Свиркач (whistleblower) или, според македонското законодавство, укажувач, е израз за храбар поединец, кој од високо морални причини одлучува, со сиот ризик по сопствената кариера, јавно да проговори за незаконските или неетичките дела направени во некоја компанија или институција (Член 4). Законот им гарантира заштита на тие што ќе пријават сомнеж за незаконско или недозволено постапување со кое се загрозува јавниот интерес.
Но, дали е ова случај со „свиркачот“ на кој се повикува медиумската содржина, кој го „провалил“ суровиот, неизмонтиран телевизиски материјал од интервјуто на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за МТВ?
Воопшто не, бидејки во овој случај ниту имаме незаконско или неетичко дело ниту, пак, е загрозен јавниот интерес од јавниот, медиумски настап на Јанева.
Линк до оригиналниот напис: ВИДЕО: Што сокри МТВ – погледнете го интервјуто на Јанева пред да биде измонтирано
Датум и време на објавување: 20.09.2016, 14:14
Датум на рецензирање: 20.09.2016
Рецензент: Зоран Бојаровски
ТЕНДЕНЦИОЗНО И ЗЛОНАМЕРНО
Оттаму, крајно тенденциозно, злонамерно и очигледно предумислено, одредбите од овој закон се злоупотребени за да се прикрие постапка која, всушност, е неетичка и непрофесионална, односно оддавање на службени материјали.
Ова наложува раководството на МТВ да си преземе мерки и да провери како тоа некој туку-така можел да изнесе службени снимки од телевизијата и да го дозволи овој своевиден – МТВ-ликинг, односно неконтролирано истекување. Провалена е како швајцарско сирење.
Оние, пак, кои се согласиле да примат и да објават таков, „украден“ материјал и да го стават во медиумска содржина за да се исмеваат, се огрешиле од неколку членови од Кодексот на новинарите: членот 10, кој, меѓу другото, препорачува новинарот да не говори со јазикот на омразата кој во овој случај е еквивалент на исмевањето на една јавна личност; потоа членот 14 кој инсистрира на тоа дека известувањето од политичките процеси, особено од изборите, треба да биде непристрасно и избалансирано и дека новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти; и членот 16 кој, меѓу другото, истакнува дека новинарот нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности.
И тука, во членот 16 од новинарскиот кодекс, доаѓаме до клучниот елемент на непрофесионализам и неетичност во оваа медиумска содржина, бидејки премногу е очигледно дека и таа е една од богатиот арсенал за отстрел на првиот човек на Специјалното обвинителство во отворената сезоната на лов против претставниците на правната држава и против политичките неистомисленици.
Во суштина, се работи за многу грд спин за да се одврати вниманието на јавноста од првите комплетирани и поднесени обвинија од страна на Специјалното јавно обвинителство, во кои има индиции дека се замешани високи функционери на власта за дела за кои може да биде досудена затворска казна до пет години.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
Не е релевантно
Не е релевантно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални
нерелевантни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
нема лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен извор со линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
солидни мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови