Медиумски ќор-фишек за „Макпетрол“
Објавено во Рецензии
on 2 - 09 - 2016 Автор: Зоран Бојаровски[Рецензија: „Макпетрол“ работи на екстази! Јосифовски најавува дивиденда]
Да, сосема е во право читателот на „Сервис за проверка на фактите од медиумите“ кога ни ја предлага оваа медиумска содржина за рецензија. Си дозволуваме да напишеме уште на самиот почеток на овој осврт, дека овој текст е типичен пример за оној тип препораки „како да упропастиш добра новинарска идеја во четири чекори“.
Навистина, темата што ја обработува оваа новинарска содржина е актуелна, контроверзна, обвитката со мистерија… Значи ги има сите атрибути да биде медиумски вредна информација од која се прави добра новинарска сторија. Но, наместо тоа, во овој случај е избран еден крајно несоодветен, непрофесионален начин.
Линк до оригиналниот напис: „Макпетрол“ работи на екстази! Јосифовски најавува дивиденда
Датум и време на објавување: 31.08.2016, 14:23
Датум на рецензирање: 02.09.2016
Рецензент: Зоран Бојаровски
ЗАСЕГНАТИТЕ, ЗАБОРАВЕНИ ВО ТЕКСТОТ
Во првиот чекор „утката“ е што не е побарана изјава, мислење, толкување од страна на менаџерите на компанијата што е директна тема на оваа сторија. Како најзасегната, таа заслужува да биде прашана. Ништо од тоа.
Како втор чекор е медиумскиот ќор-фишек што произлегува од првиот: нема втора страна. Во овој случај, познавач на оваа индустрија или, пак, финансиски или берзански експерт, за да објасни како „Макпетрол“ од компанија со загуби се „претвори“ во компанија со добивка. Бидејќи, нели, тоа е љубопитното прашање што произлегува од оваа информација. Ништо ниту од тоа.
Навистина, текстот се повикува на еден секундарен извор – месечниот извештај за работата на компанијата – и врз основа на тој извештај поставува многу прашања. Но, тие прашања не се упатени таму каде што треба. На вистинската адреса.
ЛОШО ПРИКРИЕН КОМЕНТАР
Третиот чекор за упропастување добра идеја е, наместо темелен извештај врз основа на искази, да напишете – коментар. Оттаму, оваа медиумска содржина, скриено, бидејќи никаде не е наведено дека се работи за коментар, туку, напротив, текстот е објавен во рубриката „Економија“, е направено класично подметнување.
Четвртиот штетен чекор е насловот. Тој бил логична последица на коментаторскиот пристап, односно – како што фино забележа еден наш уважен колега – на блогерскиот, личен пристап кон темата. Што значи тоа „Макпетрол работи на екстази“? Дека цел „Макпетрол“ е издрогиран? Немаме ништо против споредбите, украсите, во новинарските текстови. Но, во овој случај, сметаме дека подобра ќе беше споредбата со синонимите што произлегуваат од зборот „адреналин“.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
Делумно
не може да се утврди точноста на наводите
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни,
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
комерцијална пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
наведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
не информира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
не апликативно
стилски уреден
поврзан со тагови