Медиумска каша со партиска запршка
Објавено во Рецензии
on 14 - 06 - 2016 Автор: Владимир Мирчески[Рецензија: ФОТО: Дојде викенд, „шарените“ тргнаа за Халкидики]
Тенденциозен текст „зачинет“ со наменски фотки, без информативна компонента во себе. Станува збор за провокаторски материјал.
Линк до оригиналниот напис: ФОТО: Дојде викенд, „шарените“ тргнаа за Халкидики
Датум и време на објавување: 10.06.2016 16:15
Датум на рецензирање: 11.06.2016
Рецензент: Владимир Мирчески
„ШАРАМ-БАРАМ“ ТЕКСТ КОНТРА „ШАРЕНИТЕ“
Ова, недвосмислено, е производ наменет за манипулација. „Мириса“ на некаква „каша“ со партиска запршка за што зборуваат неколку елементи. Прво, текстот во себе нема информативна компонента, поточно не содржи каква било вест, туку шпекулација. Второ, манифестира силна пристрасност кон една политичка опција што се гледа од навредите истурени кон другата страна. Трето, наведените формуалции се екстремно хиперболизирани и во целост не кореспондираат со реалната ситуација.
Станува збор за кус, но „отровен“ текст што сака да прати неколку, верувам, политички мотивирани пораки, како тоа дека постои знак на равенство меѓу „Шарената револуција“ и СДСМ, дека „шарените“ се некаква предавничка форма зашто за викендот ќе оделе во Грција и дека се крајно деструктивна сила…
„Шарената револуција“ ќе одмора викендов во Грција.
Транспаренти со порака „Пријатен престој во Грција, Шарена револуција“ беа поставени денес низ автопатот кој води до граничниот премин кон нашиот јужен сосед.
„Револуционерите“ (платениците) кои поддржани од СДСМ прават хаос низ Скопје, кршат, уништуваат, напаѓаат полицајци и граѓани, за викендов ќе одморат на грчките плажи“.
Многу зборови, ама малку аргументи. Каде се основите за тврдењето дека баш тие ќе одат за Грција и тоа конкретно за Халкидики? Каде се доказите дека се платеници на СДСМ? – Јасно, ги нема. Но, затоа има низа примери за кршење на Кодексот на новинарите:
Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави (член 1)
Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот (член 13)
Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти (член 14)
Затоа, ќе кажеме дека читаме „шарам-барам“ текст контра „шарените“.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
анонимни
нерелевантни
2 извори
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови

