Манипулативен наслов
Објавено во Рецензии
on 26 - 12 - 2016 Автор: Владимир Мирчески
[Рецензија: ДИК ја продолжи фарсата на Управниот суд, во Теарце ќе се прегласува]
Наслов извлечен од најтемните сокачиња на партискиот спин-ум задолжен да манипулира, а не да информира. Притоа, не само што ги занемарува основните еснафски принципи на однесување, туку и ги заташкува правните односи во државата и значењето на одлуките на Управниот суд и нивното евентуално неспроведување.
Линк до оригиналниот напис: ДИК ја продолжи фарсата на Управниот суд, во Теарце ќе се прегласува
Датум и време на објавување: 21.12.2016 15:00
Датум на рецензирање: 24.12.2016
Рецензент: Владимир Мирчески
КОРЕНТЕН ТЕКСТ – НЕКОРЕКТЕН НАСЛОВ
Накусо, имаме коректен текст со ептен некоректна насловна конструкција. Една маана, ама вредна, зашто знаеме дека насловот е тоа што го „продава“ написот кај публиката. Веројатно, затоа и така е „искована“ формулацијата – за да привлече повеќе читатели и да им продаде наменски „ветер и магла“, форсирајќи политика наместо правни факти. Работата е, демек Управниот суд со тоа што прифатил една тужба на опозицијата направил фарса која, пак, ја продолжува Државната изборна комисија со тоа што решила да се прегласува на едно изборно место во Теарце?!
„ДИК ја продолжи фарсата на Управниот суд, во Теарце ќе се прегласува“
Вакво нешто може да се каже поради незнаење или доколку намерно да се занемари фактот дека одлуките на Управниот суд се конечни и дека ДИК треба да ги спроведе.
Државната изборна комисија по службена должност или по поднесен приговор, со решение го поништува гласањето на гласачкото место во случаите од член 151 став (1) алинеи 1, 2, 3, 4, 5 и 6. Државната изборна комисија во случаите од став (1) алинеи 1, 2, 5 и 6 од член 151, при одлучување по приговори ако фактите на кои се упатува во нив се внесени во записникот, е должна да изврши увид во целокупниот изборен материјал. Државната изборна комисија со решение ќе го повтори гласањето на гласачките места каде што гласањето е поништено, само ако вкупниот број на запишани избирачи на тие избирачки места на ниво на изборна единица влијае врз вкупните резултати. Против решението од член 151 ставови (1) и (2) може, во рок од 24 часа од приемот на решението, да се поднесе тужба до Управниот суд преку Државната изборна комисија. Управниот суд е должен да постапи по тужба во рок од 48 часа по нејзиниот прием. Гласањето на гласачкото место кое е поништено ќе се повтори по 14 дена од денот на гласањето – член 151 од Изборниот законик.
Управниот суд донесе одлука по тужбата на опозицијата и таа одлука ДИК мора да ја спроведе. Значи правната процедура е запазена.
А тоа што насловот сугерира мислење дека ДИК на „своја рака“ да си продолжува нечија фарса, е чиста манипулација.
Колку за споредба, ќе наведеме што, според светски стандарди (Универзитет „Колумбија“), треба да поседува еден наслов за да биде како што треба:
- да биде точен;
- да биде лесно разбирлив;
- да привлекува вимание;
- да соодветствува на тонот во написот.
Во кокретниот случај, насловната конструкција не е ниту точна, ниту соодветствува на текстот.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
веродостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
сеопфатнo
нема прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
целосно прикажува вистина
во насловот
нема лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови