Манипулација со информација заради дискредитација на СЈО
Објавено во Рецензии
on 19 - 09 - 2016 Автор: Владо Ѓорчев
Овој текст не може да се пофали со вистинитост и со објективност. Нафрлени се некои работи кои не можат да бидат точни, но тоа во написот не се појаснува. Тоа значи дека намерата не е информативна, туку манипулативна, со крајна цел – да се дискредитира Специјалното јавно обвинителство.
Линкуван до оригиналниот напис: СЈО против граѓаните и МПЦ кои протестираа против стопирање на изградбата на црквата, а молчат за дивењеето на платениците на СДСМ и СОРОС
Датум и време на објавување: 15.09.2016, 12:54
Датум на рецензирање: 19.09.2016
Рецензент: Владо Ѓорчев
„На 10-ти јуни 2013-та година поголем број граѓани протестираа пред општина Центар за да ја одбранат изградбата на црквата „Свети Константин и Елена“. Стануваше збор за протести на револтирани граѓани кои беа против стопирање на градбата на црквата, која сакаа Жерновски и СДСМ да ја сопрат“.
Ова е целосно неточно тврдење. Граѓаните, точно е, излегоа пред Општина Центар, но најмалку причината беше да се одбрани тоа што е наведено во текстот. Подоцна од таканаречените „бомби“ се виде дека тие биле испратени за да го одбранат ДУП на Општина Центар во кој се споменуваат и некои објекти што биле „пикирани“ од поранешниот премиер Никола Груевски. Тој момент воопшто го нема во текстот, што го прави необјективен. Ако сакале написот да биде професионален, морало да го има и ова потсетување, па да се остави јавноста да си донесе став.
Исто така е неточно дека се искршени само три прозорци. Штетата е поголема, а текстот го нема податокот дека повредена беше и една советничка.
„За СЈО очигледно поголемо кривично дело е тропањето по прозорците на Општина Центар каде граѓаните сосема легитимно излегоа на протест за да протестираат против стопирањето на изградбата на црквата, отколку каменување на македонски полицајци, демолирање државни институции, демолирање на Народната канцеларија на претседателот Ѓорге Иванов, сквернавење на Собранието на Република Македонија, Порта Македонија и низа други објекти. Во ваквото вандалско однесување лично учествуваа Зоран Заев и Радмила Шекеринска“.
Голем проблем во текстот е и овој пасус, кој е целосен спин. Прво, за боењето на објекти од институции и од „Скопје 2014“ поведени се некои процеси и тоа преку Јавното обвинителство. Второ, СЈО нема надлежност врз овие случувања. Имено, Специјалното обвинителство е формирано со мандат за прислушуваните материјали, од кои дел објави претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Затоа и законот за ова обвинителство е наречен „Закон за Јавно обвинителство за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите“.
Во член 2 од овој закон стои:
„Неовластено следење на комуникации“ се дефинира како неовластено следење на сите комуникации извршено во периодот помеѓу 2008 и 2015 година, вклучително, но не и ограничено на аудиоснимки и транскрипти поднесени до јавното обвинителство пред 15 јули 2015 година“.
Случувањата од „Шарена револуција“ не произлегоа од прислушуваните материјали и затоа не може да ги преземе СЈО.
Овој текст е целосно испревртен, неточен и манипулира. Тоа, пак, не може да биде својствено за медиум кој сака да се нарече професионален. За да биде тоа, мора да се внимава повеќе на аспектите што треба да ги има еден професионален новинарски производ.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
неточни наводи
неверодостојни наводи
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
неофицијални, анонимни
нерелевантни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор, наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
не апликативно
има контекстуални линкови
стилски уреден
поврзан со тагови