Манипулација со етничките чувства во поттикнувачки текст
Објавено во Рецензии
on 26 - 09 - 2016 Автор: Adrian Kerimi
Напис: Филмска акција на македонската полиција за да уапси еден Aлбанец
Во населбата Млаки во Гостивар во саботата е фатен осомничен што извршил продажба на марихуана.
Тој избегал при обидот да биде претресен од полицијата. Во полициската акција по половина час е уапсен дваесет и осумгодишниот државјанин на Република Албанија со место на живеење во Добри Дол, информираа од Основното јавно обвинителство во Гостивар.
„По наредба на јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство во Гостивар, извршен е претрес во куќата каде што живеел осомничениот, при што е пронајдена дрога во вкупно количество од 3884,2 грама. Обвинителството почнало постапка против осомничениот за вршење на кривичното дело пуштање во промет на наркотични средства од член 215 од Кривичниот законик. Истовремено е направен и предлог за одредување притвор за осомниченото лице, имајќи предвид дека се исполнети законските основи за ова“, пишува весникот „Лајм“.
Основниот суд во Гостивар со одлука го прифатил предлогот на Обвинителството и на осомничениот му одредил притвор во времетраење од 30 дена, се вели во соопштението.
[Рецензија: Филмска акција на македонската полиција за да уапси еден Албанец]
Вестите во кои се зборува за полициски акции не треба погрешно да се толкуваат и манипулираат за да се поттикне интерес кај читателите. Конструктивниот пристап на новинарот во такви случаи помага во правилното и објективно информирање.
Текстот што го рецензираме е целосен пренос на соопштението од македонското Јавно обвинителство. Од првата, па сè до последната буква, текстот е прилагоден и преведен на албански јазик и во него не е додаден ниту еден друг детаљ. Освен тоа, ниеден дел од соопштението не е избришан или селектиран. Независно од тоа што авторот се повикал на официјални извори и го цитирал изворот од каде што го обезбедил текстот како целосна копија, ова не го оправдува од новинарската грешка што ја направил, бидејќи во недостиг на аспекти, извори, новинарска обработка, оваа содржина би можела да се смета за обичен плагијат.
„Во населбата Млаки во Гостивар во саботата е фатен осомничен што извршил продажба на марихуана. Тој избегал при обидот да биде претресен од полицијата. Во полициската акција по половина час е уапсен дваесет и осумгодишниот државјанин на Република Албанија со место на живеење во Добри Дол, информираа од Основното јавно обвинителство во Гостивар“.
Линк до оригиналниот напис: „Филмска акција на македонската полиција за да уапси еден Албанец“
Датум и време на објавување: 19.09.2016
Датум на рецензирање: 20.09.2016
Рецензент: Адриан Керими
На текстот му е поставен наслов кој манипулира со етнички флоскули и може да провоцира реакции во оваа насока, а освен тоа тој не се совпаѓа воопшто со текстот (соопштение објавено како вест). Идејата на новинарот или уредникот била преку овој наслов да поттикне интерес кај читателите со целосно погрешен пристап, заборавајќи го етичкиот кодекс и професионалните начела на новинарството.
Факт е дека е уапсен еден Албанец, но акцијата не ја видел новинарот и таквиот коментар не може да го направи туку-така, без да даде факти или поткрепувачки докази. Можеби снимки од полициската акција обезбедил другиот медиум што го цитира авторот, но ова не се докажува во содржината, сè додека не е прикачен ниту еден видеоматеријал.
Како второ, за да не заврши како тенденциозен во насловот, не ќе беше лошо да се каже дека е уапсен албански државјанин. Овој вид наслов би ги поттикнал уште повеќе читателите и, пред сè, би бил во ред и од професионален аспект.
„По наредба на јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство во Гостивар, извршен е претрес во куќата каде што живеел осомничениот, при што е пронајдена дрога во вкупно количество од 3884,2 грама. Обвинителството почнало постапка против осомничениот за вршење на кривичното дело пуштање во промет на наркотични средства од член 215 од Кривичниот законик. Истовремено е направен и предлог за одредување притвор за осомниченото лице, имајќи предвид дека се исполнети законските основи за ова, пишува весникот „Лајм“.
Основниот суд во Гостивар со одлука го прифатил предлогот на Обвинителството и на осомничениот му одредил притвор во времетраење од 30 дена, се вели во соопштението.“
Ако се зборува за еден албански државјанин, неопходен е ставот на надлежните власти на Република Албанија. Во овој случај, новинарот можел да земе став од дипломатското претставништво на државата чиј државјанин е уапсениот. Јавен интерес е да се знае дали на уапсениот му е понудена правна помош, дали е информирано неговото семејство и како може неговото семејство да контактира со него.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
2 извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
нема лажни информации
наклонетост
комерцијална пристрасност, друга пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
во насловот
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
ненаведен автор, наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
поттикнувачки говор во насловот
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
неквалитетни мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови