Манипулација со анкетниот лист на Теута Арифи
Објавено во Рецензии
on 13 - 02 - 2017 Автор: Симона Атанасова[Рецензија: ЕВЕ ЗОШТО НА ТЕУТА И ГОРИ ПОД НОЗЕ: Од позиција градоначалник успеала да купи пет стана во Скопје и два автомобила]
Текстот што е предмет на оваа анализа прави целосна манипулација со факти. Уште со самиот наслов написот тврди дека градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, од позиција на градоначалник успеала да купи пет стана и два автомобили, што е невистина.
Линк до оригиналниот напис: ЕВЕ ЗОШТО НА ТЕУТА И ГОРИ ПОД НОЗЕ: Од позиција градоначалник успеала да купи пет стана во Скопје и два автомобила
Датум и време на објавување: 03.02. 2017
Датум на рецензирање: 09.02.2017
Рецензент: Симона Атанасова
ИЗВРТУВАЊЕ НА ФАКТИТЕ
„Одметната градоначалничка на Тетово од ДУИ, Теута Арифи, успеала да купи пет стана со вкупна површина од речизи 400 квадратни метри во Скопје и два автомобила со градоначланичката плата и со професорскиот хонорар од 500 евра, покажува анкетниот лист за имотната состојба на избранте и именуваните функционери поднесен до Државната комисија за спречување на корупција, пишува Република“.
Ова е целосна манипулација на фактите. Да, точно е дека Теута Арифи во нејзиниот анкетен лист има пријавено пет стана и два автомобила. Но, не е точно дека тие се само нејзини и дека ги купила со градоначалничката плата.
Според податоците дадени во анкетниот лист, еден од петте станови на Арифи е во сопственост на нејзиниот сопруг, а можеби само еден од становите е купен за време на нејзиниот мандат како градоначалник на Тетово. Теута Арифи на градоначалничката функција стапи во мај 2013 година, откако победи на локалните избори (2013), а според анкетниот лист, становите се купени во 1997, 2005, 2006, 2012 и во 2013 година.
Подвижниот имот, односно автомобилите се заедничка сопственост на Арифи и на нејзиниот сопруг, а не нејзини лични. Освен тоа, едниот автомобил е купен во 2007 година – шест години пред да стане градоначалничка, а другиот во 2001 година – цели 12 години пред да дојде на чело на Општина Тетово.
ПРЕМОЛЧЕНИ ФАКТИ
Еден од фактите кои, веројатно, намерно се изоставени во текстот е дека освен имот, Теута Арифи има и долг, односно кредит од 50.000 евра, земен во 2013 година, со рок на отплаќање од 10 години.
Во вториот дел, написот отвора прашање и за имотната состојба на поранешниот новинар и сегашниот пратеник на СДСМ, Мухамед Зекири, за кој се тврди дека успеал да купи втор стан и џип со плата од 500 евра.
Легитимно е да се поставуваат прашања за имотната состојба на избраните пратеници, но и во случајот за Зекири, исто како и во случајот со Арифи, пратениците воопшто не се контактирани за да се слушне и нивната страна.
Требало да се прашаат и двата пратеника кои се „на тапет“, од каде потекнува нивниот имот и дали има вистина во шпекулациите изнесени во јавноста.
Исто така, не е јасно како е добиен податокот дека платата на Зекири е 500 евра, што значи дека овој факт можеби е и измислен.
Проблематично во текстот е што принтскриновите од анкетни листови на Арифи и на Зекири се премали и се со значително намален квалитет, при што е невозможно што било да се прочита. Доколку сликите беа со добар квалитет и читливи, јасно ќе беше дека Арифи не ги купила становите како градоначалник ниту, пак, дека целиот имот е нејзин. Нема ниту линк од анкетниот лист на Арифи објавен на веб-страницата на Државната комисија за спречување на корупција.
Написот, исто така, тврди дека Арифи е „одметната“ градоначалничка на ДУИ и дека „Ахмети не успеал да ги скроти градоначалниците Ахмети, Меџити и Бејта“, кои биле „залегнатите функционери“ исплашени да не ги изгубат „удобните фотелји“.
Ова е целосна коментаторска констатација која има тенденциозна намера на јавноста да ѝ престави раскол во ДУИ и притоа, на тој начин, да ја оправда неуспешноста на ВМРО-ДПМНЕ да коалицира со ДУИ и да формира влада.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
делумно
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
целосна копија
ненаведен автор, наведен извор без линк
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови