Манипулација преку фотомонтажа
Објавено во Рецензии
on 14 - 02 - 2017 Автор: Владимир Мирчески[Рецензија: Груевски: Сценаристот на СДСМ сакаше да ги придобие Албанците на емоции]
Манипулација, но преку фотографија, поточно преку фотомонтажа. Интервјуто на експремиерот, актуелен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, во кое тој „истури“ еден „тон“ обвинувања за мешање однадвор во домашната политика, како и за начинот на кој опозицијата добила гласови од албанската заедница, е илустрирано со крајно несоодветна фотoграфија. Или како што некој би кажал, лепена, сечена, монтирана.
Линк до оригиналниот напис: Груевски: Сценаристот на СДСМ сакаше да ги придобие Албанците на емоции
Датум и време на објавување: 11.02.2017 20:54
Датум на рецензирање: 12.02.2017
Рецензент: Владимир Мирчески
НЕПРОВЕРЕНО, ПРИСТРАСНО, ТЕНДЕНЦИОЗНО
Еден политичар јавно може да каже што сака зашто на крајот тој самиот одговара за тежината на изнесеното како и за евентуалните последици. Проблем е ако одреден медиум влегува во неговата „игра“, во неговите зборови, сакајќи да го дообјасни кажаното, односно „да биде поголем католик од папата“!
За жал, тоа се случува во конкретниот пример. Настапот на Никола Груевски, во кој тој обвини дека некој друг ги донел албанските глаови на СДСМ, е зачинет со фотографија која треба да ги дополни или да ги засили тврдењата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
„Кај некои Албанци емоциите го надвладејаа разумот и почнаа да гласаат за СДСМ верувајќи во лагите и манипулациите. Како резултат на тоа добија 10-15 илјади албански гласови, но не сите. Се друго беше изработено теренски, од село до село, од оџа до оџа, од некој бивш т.н. командант до некој друг т.н. командант. Ова го изработи некој друг, а не СДСМ, тие немаат капацитет за тоа, изјави Груевски“.
Кога на ваква, мораме да нотираме, политички некоректна изјава, но тоа не е дел од рецензијата, се налепи и ептен несоодветна фотомонтажа, тогаш се комплетира мозаикот на пристрасно и наменско четиво. Груевски не именува кои се тие лица, оџи, команданти, ама тој што го креирал написот намерно во фотомонтажата става два лика заедно со лидерот на опозицијата. Прво, вистинити ли се наводите на експремиерот, второ – навистина ли се тие личности за кои зборува Груевски, трето – има ли проверка на кажаното?! Нема ништо од наведеното. Значи, некој нешто навестил, а медиумот веднаш скокнал да го најде „одговорниот“, без притоа да ги користи стандардните новинарски алатки. Едноставно, текстот пласира шпекулација зашто нема докази за пласираната фотомонтажа.
Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.
Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно – член 1 од Кодексот на новинари.
Сè на сè: непроверено, пристрасно, тенденциозно.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
точни наводи
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
не може да се утврди
нема лажни информации
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови