verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Манипулација 200 отсто

on 7 - 11 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

11042015-Vecer-Pacienti-100-crop-resize

[Рецензија: Пациентите задоволни 100%]

 

Како прво, ниту една институција, организација или компанија не организира и не спроведува анкети сама за себе, од наједонставна причина што таквата анкета по ниту една основа не може да биде објективна, а со тоа ниту релевантна.

Прашањето кој ја прави анкетата, освен со нивото на објективност на истражувачката институција, е поврзано и со капацитетите и со стручноста на тимот што треба да формулира, спроведе, како и да ја интерпретира анкетата.

Како ја интерпретирале овие што ја спровеле оваа анкета за која толку некритички известува медиумот говори насловот: „Пациентите задоволни 100 отсто“.

Таков анкетен резултат е невозможен, уште повеќе и конкретно за оваа анкета, кога веќе и во самиот текст се наведуваат анкетни резултати за одделни прашања кои се движат од 80 до 97,8 отсто. Тоа значи дека, едноставно, не е можно 100 отстотно задоволство на анкетираните од здравствените услуги.

Но, тоа новинарот или новинарката што го напишале овој текст, како и уредникот на медиумот, воопшто не ги загрижува.

Тие едноставно својата работа ја завршиле во моментот кога не се запрашале како е можно 100 отсто позитивен одговор на една анкета. Особено кога таа анкета го истражува квалитетот на здравствените услуги во Македонија.

11042015-Vecer-Pacienti-100Линк до оригиналниот напис: Пациентите задоволни 100%

Датум и време на објавување: 30.10.2015

Датум на рецензирање: 05.11.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Вака пренесена анкетата, говори дека новинарот, односно новинарката не се запрашале дали анкетата била анонимна, дали била изведена преку телефон или како поинаку. Медиумските приредувачи на оваа новинарска содржина не се запрашале ниту како е формиран примерокот на испитаниците. Ова е особено важно кога станува збор за анкети на национално ниво, за кои е неопходен репрезентативен примерок (кој ќе соодветствува на составот на населението во државата по пол, социјален статус, географска распространетост, етничка припадност, образование…).

Тој што спроведува анкета, може и не мора да се држи до овие суштински правила во спроведувањето анкети. Ако не се држи до овие принципи, тогаш таа анкета нема релевантност и не е вистински репрезент на јавното мислење за одредено прашање. Ако е тоа така, новинарите што известуваат за вакви анкети, едноставно, не можат, а да не ја доведат таа анкета во прашање.

Но, во случајот на текстот што го рецензираме, немаме таков пристап кон анкетата која е мотивација за него, и, како таков тој, текстот, станува само уште една алка во пропагандата за политиките на една политичка партија.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни, нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови